10 модели на високи чизми од Bershka за есен/зима 2017

Високите чизми се „ин“ оваа есен/зима, а Bershka во новата колекција ни нуди практични, класични но и трендовски и младешки модели со висина над колениците и различна висина и дебелина на потпетицата. Поточно, за секој вкус има по нешто.

Ако ние се прашуваме, најмногу ни се допадна моделот од син плиш и ниска потпетица, потоа чизмите со тенка потпетица од комбинирани материјали и фенси моделот со горен дел кој е растеглив.

За посмелите во модните обиди и комбинации, одличен избор се светкавите многу високи чизми-чорапи кои секако, на многумина од нас одлично би им дошле за новогодишните празници кога екстремностите се добредојдени или барем оправдани.

Во фотогалеријата погледнете ги 10-те фаворити на високи чизми од „Бершка“.

 

 

x

Check Also

8 туники-фустани од Massimo Dutti

Новата колекција од Massimo Dutti ни носи преубави туники-фустани со ролка или пак ...