10 најлоши фотошоп-интервенции во 2015

Очигледно фотошоп-интервенциите не мислат уште да заминат од модниот свет, и покрај обидите од некои списанија во изминатата година да форсираат поприроден изглед.

Да се потсетиме на 10-те фотошоп катастрофи во 2015 година.

Августиот број на Вог Австралија на насловната ја имаше фотошопираната Викторија Бекам. Изгедаше неприродно, чудно, како главата да и е додадена на туѓо тело.

fot 1

Да се биде фотографска ѕвезда не значи и да не се прават грешки. Во случајов со насловната на февруарското издание на Алур, пејачката Ферџи е „средена“ од Патрик Демаршиер. Таа личи на сенка снимена во студио во облека од Мајкл Корс. Погледнете го само претерано исчистениот тен. Неверојатно што може да се добие со дури 96 часа фотошопирање.

fot 2

Уште една лошо средена насловна на Алур. Јунското издание го красеше преубавата Елизабет Бенкс, која е далеку од убавица на оваа насловна страница. Повеќе личи на восочна фигура.

fot 3

На октомвриското издание на бразилскиот Вог требаше да останеме импресионирани од славната тројка – Наоми, Рикардо Тиши и МаријаКарла Босконо. Но што имаше тука толку импресивно освен фотошопот?

fot 4

Во ноемвриското издание на турскиот Вог се појави Лана Дел Реј. Лана е непрепознатлива. Полесно ќе погодиме дека е облечена во Александар Мек Квин, отколку дека на насловната е Лана.

fot 5

Кампањата за колекцијата на Balmain x H&M во која главна улога имаат Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Џордан Дан и уште двајца машки модели. Фотографирани се од славниот Марио Соренти, но подоцна безмилосно фотошопирани.

fot 6

Октомвриското издание на Harper’s Bazaar требаше да го краси Сара Џесика Паркер. Наместо да ја видиме неа, видовме некоја Марсовка.

fot 7

И Сандра Булок беше жртва на фотошопот. Во ноемвриското издание на Гламур изгледа како да и е главата додадена на друго тело.

fot 8

Фотошоп претерување на годината е секако она што го видовме во кампањата за пролет на Moschino. Толку некој се заиграл со фотошопирањето што ја избришал едната нога на моделот.

fot 9

И Наоми на насловната страниц на францускиот Луј изгледа како падната од Марс.

fot 10

 

x

Check Also

„Украдете“ го изгледот на Сара Џесика Паркер

Памучна кошула, плисирана сукња со миди должина и сандали сосема отворени на ...