10 работи кои (можеби) не ги знаете за елегантната Гвинет Палтроу

Во чест на нејзиниот роденден, 27 септември, ова се десетте интересни пикантерии од животот на една од најелегантните глумици на денешницата.

G7

1

Родена е во Лос Анџелес во богато и уметничко семејство. Татко и бил режисер, а мајка и глумица, па не било тешко да заплива во филсмките води. Сепак, одлучува да студира историја на уметност. Набргу го напушта школувањето и одлучува да се посвети на глума.

2

Како девојче била толку вљубена во Шпанија што на 15-годишна возраст заминала во таа земја да го учи шпанскиот јазик. Денес зборува течно шпански.

3

Ја сметаат за најразмазена холивудска глумица, а во последниве години води на листата и на најозборуваните глумици. Причина за тоа се нејзините чести кавги со колешките и пријателките, но и бројните неверства.

Со поранешната пријателка Кејт Мос

Со поранешната пријателка Кејт Мос

4

Моделот Кејт Мос, со сличен темперамент на Палтроу, ќе и фрли помфрит в лице после една навреда која ѕвездата ќе и ја упати, без да биде воопшто со нешто предизвикана. Причина за ваквата реакција на Мос била изјавата на Палтроу дека „сосема е посветена на вежбањето зашто кога ќе остаре не сака да изгледа како Кејт Мос“.

Со Винона Рајдер во среќните пријателски денови

Со Винона Рајдер во среќните пријателски денови

5

На долгата листа на поранешни блиски пријателки со кои повеќе не зборува се и Винона Рајдер и Мадона. Гвинет и Винона биле најблиски пријателки се додека Палтроу не и ја одзема улогата на Рајдер за филмот „Вљубениот Шекспир“, потегнувајќи ги сите можни врски за во тоа да успее. Трудот вредеше, Гвинет добива Оскар, но со Винона оттогаш не зборува. Сличен инцидент ќе направи и со другата најблиска пријателка, Мадона. Кога Мадона го отвора ланецот на фитнес –центри, Палтроу и станува најсериозна конкуренција, правејќи го истото.

Долгите дружења со Мадона

Долгите дружења со Мадона

6

Веќе богата и славна, елегантната глумица се помалку снима, а се повеќе ужива во статусот – гуру на животниот стил  во кој се вклопува и објавениот готвач „Вкусни, лесни рецепти во слава на семејството и заедницата“. Во книгата тврди дека готвењето за неа е животна страст. Следуваат нови книги за готвење и совети за здрава исхрана.

G6

7

Додека трае бракот со Крис Мартин, Палтроу ќе „глуми“ домаќинка и верна сопруга, не испуштајќи ја секоја медиумска пригода да каже дека „зготвениот ручек го чува бракот“. Сепак, во јавноста излегуваат гласини дека Палтроу не е баш некоја верна домаќинка и дека неколкупати влетува во бурни врски. Следува уште еден шок. Таа јавно проговорува дека нивните две деца постојано ги држи на протеинска диета, за да бидат витки. И додава – „Во отстуство на јагленохидрати во исхрата, децата постојано чувствуваат глад“.

8

Разводот од Мартин поминува најелегантно, мирно, необично за холивудските парови. Двојката го најави разводот во март 2014 година, по 11 години заеднички живот. Со поранешниот сопруг останува во многу пријателска релација која вклучува чести средби и дружења.

G5

9

Фановите на Палтроу се разочарани што таа промовира здрав живот, а од друга страна е страствен пушач. Но и поради речениците објавени во готвачот преку кои го препорачува здравиот план за дневна исхрана. Всушност, во планот за здрава исхрана таа потенцира дека дневно мора да издвоите 300 долари.

10

„Жената треба да направи се за да се чувствува што подобро во својата кожа, а сепак во тоа да не претера“, тврди убавата глумица која е инаку позната и по претерувањето со пластичните операции и интервенции. Позната како златно дете на Холивуд, Гвинет ќе направи пластична операција прво на градите веднаш по породувањето, а потоа и десеттина корекции на телото и  уште толку липосукции. Но, и понатаму секојдневно вежба и го држи своето место на високата листа на една од најпосакуваните и најстилизирани глумици.

 

x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...