11 влијателни имиња во модната индустрија кои не завршија факултет

Иако денес постојат врвни школи за изучување на модниот дизајн и модниот бизнис, дипломата не секогаш е гаранција за успешноста во животот. Можеби ќе се изненадите но, на пример, главната уредничка на Вог е со средно образование. На листата на славни имиња во модната индустрија се дузина креатори од типот на Џорџо Армани или Александар Ванг.

Ана Винтур

Ана Винтур

Ана Винтур се откажала од факултетот за да се пресели во Лондон каде веднаш почнала да работи во издавачката дејност.

Александар Ванг

Александар Ванг

Александар Ванг посетувал само две години факултетско образование, а потоа преминал на практична работа и никогаш не се вратил на факултетот. Џорџо Армани почнал како студент по медицина од која брзо се откажал и влетал без диплома во модниот бизнис.

Мери Кејт и Ешли Олсен

Мери Кејт и Ешли Олсен

Мери Кејт и Ешли Олсен се откажале од факултетот поради „лични проблеми“.

Дона Каран била запишана на престижниот Parsons The New School for Design каде се школувала само една година, но поради лични обврски се отпишала.

Коко Шанел се откажала од школувањето на 18-годишна возраст.

Хеиди Клум се посветила сосема на манекенството веднаш по завршувањето на средното училиште.

Кајне Вест се откажал од факултетот поради музичката кариера.

Мајкл Корс посетувал само два семестра и потоа започнал сопствена кариера во модниот бизнис.

Мајкл Корс

Мајкл Корс

Ралф Лорен пак, се откажал од училиштето за да дизајнира вратоврски, а истата година ја основал својата фирма која подоцна прераснува во огромна модна компанија.

x

Check Also

Стилот на Оливија Палермо за време на модните недели

Таа е секогаш гаранција за успешен моден изглед. Погледнете ги нејзините изгледи ...