12 „чудни“ начини за намалување на гладот

На диета сте, а добивате желба за грицкање. Знаете дека вечерата ќе биде за еден час, но не можете да си помогнете. Сакате нешто да грицкате и тоа веднаш! Сепак не сте беспомошни. Прочитајте ги 12-те крајно невообичаени начини за намалување на гладот.

 jadenje 3

1. Вода и чај

Водата и некои видови на чај можат да ви дадат чувство на ситост и така да го смират вашиот апетит. Многу често чувството за жед го мешаме со чувството за глад. Една чаша вода може да ја намали потребата за храна. Зелениот чај го намалува апетитот и го поттикнува согорувањето на калории. Некои студии покажуваат дека една чаша чај од улун, пред да одите на работа ќе ја забрза оксидацијата на мастите за 12 проценти, додека црниот чај го намалува нивото на шеќер во крвта и со тоа дава чувство на ситост.

2. Притиснете тупаница

Повеќето луѓе кога се гладни чувствуваат стрес и тензија. Обидете се да ја канализирате таа тензија со помош на вашите мускули ( било кои) имаат подобра самоконтрола и полесно се спротивставуваат на искушението како што е храната. Истражувачите сметаат дека причината за тоа е што на несвесното ниво напнатоста на мускулите ја поврзуваме со силината на желбата.

3. Гледајте смешен видео клип

Група научници од Бразил сметаат дека смеењето го активира „хормонот на среќата“ серотинин, кој влијае на намалувањето на апетитот.

4. Разговарајте преку телефон со пријателите

Според една студија од американскиот Универзитет Висконсин, со слушањето на познатиот глас полн со поддршка, се активира лачењето на антистресниот хормон окситоцин кој го подобрува расположението. Намалувањето на стресот е поврзано со лептинот, хормонот кој го стимулира чувството на ситост.

5. Не губете ја волјата

Едно истражување покажа дека волјата не напушта на крајот на денот, а со тоа нашата способност да им се спротивставиме на искушенијата се намалува. Избегнувајте ги стресните состојби кои ви ја намалуваат силата на волјата. На , тој начин ќе ја сочувате за моментите за кои ќе ви биде најмногу потребна, на пример, кога навечер ќе наидете на парче торта.

6. Играјте игри

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд дошле до заклучок дека играњето игри како и храната, го стимулираат системот за надградување во нашиот мозок. Ќе бидете задоволни и покрај тоа што нема да ја допрете храната. Покрај тоа играјте игри кои ментално ќе ве окупираат. Решавањето на крстозбор, ребус или судоку ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од храната.

jadenje 2

7. Бидете љубезни

Вашата емотивна состојба може да биде од голема полза за вашата диета.

Дали сте во состојба на несогласување со ваш пријател, колега или некој од семејството? Напишете му писмо за да ги подобрите односите. Истражувањата покажуваат дека вознемирените луѓе се повеќе склони на прејадување од останатите.

Љубезноста може да го намали вашиот апетит. Помогнете и на комшиката која се враќа со полни кеси од пазарење, пофалете го колегата за добро сработената работа. Така ќе ја избегнете емотивната празнина поради која сте гладни : позитивните работи се проследени со позитивни емоции кои го лачат хормонот серотинин, а тој како што претходно наведовме влијае на намалување на апетитот.

8. Вежбајте

Тврдењето дека после физичка вежба се огладнува претставува мит. Токму спротивно. Според истражувањата трчањето го стимулира хормонот пептид ( задолжен за намалување на апетитот) и го намалува лачењето на хормонот грелин (задолжен за поттикнување на апетитот). Исто така, вежбите за зајакнување на мускулите го намалуваат производството на грелин за 25 проценти. Доколку не сте љубител на трчањето, тогаш пробајте ја јогата. Луѓето кои ја практикуваат јогата имаат помал апетит.

9. Движете се на работното место

Колку повеќе седите ,толку поголем е и вашиот апетит- покажуваат истражувањата од Американскиот Универзитет во Масачусетс. Исто така физичката неактивност го поттикнува зголеменото ниво на шеќер во крвта , а тоа предизвикува силно чувство на глад. Еве неколку лесни начини како да се активирате на работното место:

– Поставете часовник на вашиот компјутер. Работата знае целосно да ве окупира, а часовникот ќе ве потсети дека треба да станете и да се движите, па дури и да станете само по чаша вода.

– Дали ви се потребни документи дури од другото одделение? Наместо да се јавите преку телефон, станете и сами појдете да ги земете.

– Доколку ве исцрпува работата, направете пауза и посетете ги колегите. Ќе се вратите освежени и ќе се чувствувате помалку стресно. Претходно укажавме на влијанието на стресот врз зголемената глад.

10. Уживајте во мирисите

Мирисите имаат силно влијание на мозокот и желудникот. Ароматичните стапчиња можат да го излажат мозокот давајќи му сигнали, преку мирисот дека веќе сте јаделе. Според едно истражување мирисот на црната чоколада е поефикасен од нејзиниот вкус во намалување на лачењето на хормонот грелин. Пробајте со јасмин. Мирисот од јасмин го намалува апетитот, го намалува чувството на анксиозност и ја зголемува енергијата.

11. Бидете позитивни

Стресот го поттикнува производството на хормонот кортизол кој го блокира лептинот, хормонот кој ви дава чувство на ситост. Сончевите зраци го намалуваат стресот. Излезете на сонце барем 10 минути за да го намалите чувството на глад и да се релаксирате.

12. Облечете костим

Истражувањата покажуваат дека костимот допринесува луѓето во текот на работниот ден да се чувствуваат попродуктивно и посигурно. Тој ќе ви ја зголеми самодовербата и решителноста во спроведувањето на диетата. Неверојатно, зарем не?

x

Check Also

Маслиново масло и суви смокви – природен лек за плодност

Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но ...