14 нови изгледи: Очила за сонце по мерка на ова лето и вашата форма на лицето

 

Доколку ги следите модните трендови, тогаш секако ви е јасно дека летово е во знакот на очилата за сонце со стакло во силна боја. Но грешките се прават кога изборот на очилата за сонце кои се модерни не одговараат на вашата форма на лицето. Ваквите грешки се „плаќаат“ со визуелен вишок на килограми, строг изглед, нагласени детаљи кои треба да се ублажат…

ocila 555

Фризурата, тенот и годините условуваат каков модел на очила за сонце да изберете за вас. Но, формата на лицето сепак ја игра главната улога.

ocila 999

Оние кои имаат овална форма на лицето се најпривилегирани во изборот бидејќи им одговараат речиси сите модели, особено моделот „авијатичарки“.

Поостри, геометриски форми одлична рамнотежа се за оние кои имаат нежни црти на лицето со овална форма.

Лице во форма на срце „не трпи“ нагласени рамки на очилата, туку бара понежни форми и конструкции.

Огромните очила за сонце се одлично решение за оние со издолжено лице.

Округлите рамки се подогни за оние со ковчесто или ситно лице, бидејќи визуелно додаваат некој килограми.

Класичните „рејбанки“ се добар избор за оние кои имаат правоаголна форма на лицето.

Земете го ова предвид пред да го купите новиот пар очила за сонце по мерка на ова лето. А, за трендовите инспирирајте се од галеријата.

x

Check Also

„Бојфренд“ часовник од Шанел

Шанел не му одолеа на „бојфренд“ трендот, модата да се носи „позајмени“ ...