3 заблуди за целулитот во кои (сеуште) веруваме

Еден од најголемите непријатели на женската фит линија е целулитот. Познато е, со него се соочуваат и жените кои немаат вишок на килограми. За жал, борбата со оваа „напаст“ трае долго, и најчесто поупорниот победува. Ах тој упорен целулит!

cel

 

Различни митови и лаги се поврзуваат со целулитот, а козметичките компании ни нудат низа на креми и гелови спакувани со неверојатни приказни кои привлекуваат, залажуваат. Но, да ги разгледаме 3-те најпопуларни заблуди во кои ни одговара да веруваме.

Со кардио вежби против целулит

Кардио тренинзите се одлични за здраво тело, за намалување на килограмите, за тонирање на мускулите, но за жал не помагаат многу кога е во прашање веќе наталожениот целулит на бутините. Третирањето на целулитот освен исхраната и голема количина на вода со лимон бара посебен вид на вежби, посебно на оние вежби кои се однесуваат на мускулите на нозете и задникот, а такви вежби нема доволно во кардио тренинзите. Затоа комбинирајте го кардио тренингот со сет од вежби наменети за нозете во теретана. И не се откажувајте после првите месеци. За сосема да го отстраните целулитот најмалку ви е потребна една година здрава „работа“. Патем, а колку години ви требаа за да го наталожите?

Нова волшебна антицелулитна крема

За жал, ниеден производ од ваков и сличен тип не го отстранува целулитот. Точно е дека кремите ја затегнуваат кожата и прават ефект на неколкучасовна помала видливост на портокаловата кора, но не го решаваат трајно проблемот. За решавање на проблемот – целулит, потребно е подолго време, немасна исхрана, многу течности (негазирани), масажи и секако макотрпни вежби за зајакнување на мускулите на нозете. Подточки и скратени варијанти не постојат.

Со липосукција ќе се ослободиме засекогаш од напаста

Да, ама привремено. Освен ако сосема не го промениме после липосукцијата начинот на исхрана и да се фрлиме на интензивен спорт. Инаку, липосукцијата е само времен метод кој драстично помага.

x

Check Also

5 нови парфеми по ваш вкус за ова лето

Каков парфем обожавате – со цветни, овошни, слатки ноти? Проверете кој од ...