3 мејкап трикчиња за младешки изглед

Погрешно нанесената или нагласена шминка прави да изгледаме постари отколку што сме. Но само со 3 мејкап трикчиња лесно може да го вратиме младешкиот изглед на лицето и да ги „избришеме“ годините.

lice 1

Наместо тешка пудра CC крема

CC кремите стануваат се подобри и поквалитетни. Содржат состојки за нега и хидратација на кожата и не ги истакнуваат брчките при гестикулација како што е случај со пудрата. На кожата и даваат природен сјај и имаат сосема пристојна покривна моќ.

Збогум за црниот ајлајнер

Заменете го со темно кафен. На тој начин очите ќе изгледаат посуптилно и потопло. Црниот ајлајнер може да ги нагласи темните кругови под очите, а тоа дава постар и поуморен изглед.

Сјај за усни во нежна боја

Наместо тежок кармин преку ден користите сјај за усни и тоа во нежна, невпечатлива боја – во боја на кожа, бледо розов или во боја на праска.

lice 3

Карминот во силна боја често ги нагласува брчките кои се појавуваат околу усните.

x

Check Also

Есенски маски за лице од грозје

Поради витамините кои ги содржи и вредните состојки кои ја чуваат убавината ...