3 најдобри природни маски за коса од банана

За многумина омиленото овошје – бананата, има чудесна улога во негата на коса. Во зависност од типот на косата, изберете ја соодветната маска.

maska 1

За сува и оштетена коса

1 банана, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица мајонез.

Бананата добро испасирајте ја со вилушка, потоа додадете ги маслиновото масло и мајонезот, па убаво измешајте. Нанесете ја маската за коса прво на темето, па масирајте се до врвовите. Намачкајте ги на крајот убаво врвовите на сувата коса. Оставете ја маската да делува половина час, па отстранете ја со млака вода.

Маска за масна коса

1 зрела банана, 1 жолчка од јајце, 1 лажица јаболков оцет, 1 лажица сок од исцеден лимон.

Бананата убаво испасирајте ја, додадете ги останатите состојки за маската и добро измешајте. Нанесете ја на косата масирајќи, оставете ја да делува половина час, па отстранете ја со вода.

Маска за побрзо растење на косата

1 банана, 1 компир, 2 лажици рицинусова масло.

Прво бананата испасирајте ја, па компирот излупете го, измијте го и изрендајте го. Изренданиот компер гмечете го врз цедлика за да добиете сок од компир. Тој сок додадете го во испасираната банана и додадете ги 2-те лажици рицинусово масло. Убаво измешајте, па нанесете ја смесата на сува коса и оставете да делува еден час. Остранете ја со туширање.

x

Check Also

Миризливи подароци за Денот на вљубените од Lush

Познатата козметичка марка Lush веќе е подготвена за Денот на вљубените, па ...