3 најдобри смути рецепти за слабеење

Додајте ги овие три вида на смути во вашиот диетен план за слабеење за полесно да ја постигнете целта.

Најдобро е да конузмирате по една чаша наутро или за меѓуоброк во текот на денот. И трите видови на смути даваат енергија, го забрзуваат метаболизмот и ја регулираат пробавата. Можете да замените еден оброк со едно смути, најдобро појадокот.

smu 1

Смути од зеленчук и овошје

2 филџани млад спанаќ, 2 чаши ладна вода, 1 банана исечкана на ситни парчиња, 1 портокал излупен и иситнет на кришки, 1 јаболко излупено и исеќкано на парчиња, 1 лимон илупен и издвоен на кришки, парче 2см свеж ѓумбир.

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете две порции, за два последователни дена.

Овошно смути

1 банана, 1 портокал (излупен и иситнет), 1 филџан зрнесто овошје, 30 свежи ливчиња нане, 1 лажица цимет, 2 чаши вода.

Сите состојки се блендираат, миксајте две три минути додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете четири чаши пијалак кој помага во слабеењето.

Зелено смути

Половина шолја ананас исечкан на коцки, половина авокадо испасирано, 1 филџан спанаќ, малку млеко од соја, 1 лажица ленено семе, 1 банана.

Сите состојки се ставаат во блендер и се миксаат. По потреба додадете малку вода.

x

Check Also

Ослабете по килограм неделно без мака: 4 совети како

Трошењето на 1.000 калории на ден ќе ви овозможи да ослабнете 1 ...