3 нови есенски парфеми кои ќе ги обожавате

Есенските парфеми полека ги полнат полиците на перфимериите низ градот, а меѓу нив 3 нови парфеми се издвојуваат од низата.

The One, Dolce & Gabbanа

Од мирисната лабораторија на италијанската култна модна куќа Долче и Габана доаѓа новиот парфем The One, кој претставува свежа верзија на оригиналот од 2006 година. Парфемот е инспириран од темпераментот на јужна Италија, а цели на жените кои се полни со енергија и кои го сакаат хедонизмот. Парфемот е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл.

Celebrate N.O.W, Escada

Ескада го испраќа летото и ја најавува есента со нов парфем кој е многу нежен. Овој парфем е мирисна ода која го слави животот и веселбите, нагласувајќи ја женственоста.

Blumarine Dange-Rose

Жените кои сакаат да се издвојат од останатите ќе го одберат овој парфем. Мирисот е инспириран од „опасната“ страна на жените и претставува „даркерска“ верзија на женственоста, заводливоста и романтиката.

x

Check Also

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи ...