3 нови пролетни колекции на шминка што воодушевуваат

За многумина најубавата сезона во годината, пролетта, е и поттик за шопинг и разубавување. Секако, големите козметички куќи секоја пролет нудат широки понуди на весели производи, а годинава тоа најдобро го направија врвните три – Ланком, Диор и Ив Сен Лоран.

Доколку се прашувате што е ново во нивната пролетна понуда, ѕирнете во овој излог.

Ланком

ma lancome

Новата колекција на Ланком се вика Parisian Pop, а заштитно лице е шармантната глумица Лупита. Маскари во жолта и лилакова боја, сенки во свежи нијанси и црвени кармини за пролетен изглед.

Диор

ma dior

Уште повесела е колекцијата на Диор во која доминираат нежните, пастелни нијанси. Glowing Gardens нуди и светликави сенки и акови за нокти.

Ив Сен Лоран

ma ysl

Boho Spring колекцијата на Ив Сен Лоран изобилува со пастелни бои, пролетни нијанси за усни и голема палета на руменила во природни тонови.

x

Check Also

Есенски маски за лице од грозје

Поради витамините кои ги содржи и вредните состојки кои ја чуваат убавината ...