5 намирници кои смеете да ги јадете и на полноќ

Колку пати ви се случило да почувствувате глад на полноќ, а знаете дека ваквото грицкање може да ви донесе само килограм повеќе. Сепак, размислувате да грицнете некој бисквит, или да си направите сендвич. Што навистина смееме да јадеме после полноќ?

slika 3

Ако веќе не можете да го исконтролирате чувството за ситост во доцните вечерни часови, тогаш барем внимавајте што ќе каснете.

Овесна каша – дури е и пожлна да се јаде пред спиење, но секако во мала количина. Содржи здрави јагенохидрати кои ослободуваат серотонин кој смирува. Порција овесна каша со млеко е добар избор за вечерен оброк.

slika 4

Млеко – Чаша топло млеко е познат рецепт за добар сон. Содржи триптофан кој смирува и кој се поврзува со спиењето, иако моќта на овој пијалак повеќе е психолошка.

slika 5

Сок од цреши – Свеж сок од цреши ќе го зголеми нивото на мелатонин кој пак влијае на квалитетот на сонот.

slika 7

Малку бадеми и лешници – Полни се со магнезиум кој има смирувачки ефект на мозокот и влијае на квалитетен сон.

Немасно сирење – Калциумот има слично делување како и магнезиумот кога се работи за квалитетен сон. Се препорачува 50 грама сирење (немасно) за доцна вечера, или може само чаша јогурт.

slika 1

x

Check Also

H&M и Bershka имаат супер модни парчиња за вежбање

Две „хај-стрит“ модни марки во есенската понуда ни нудат модни парчиња дизајнирани ...