5 работи кои едвај ги чекаме во 2015

Изгледа дека 2015 година ќе биде многу повозбудлива од минатата што се однесува до модниот свет. Најавени се многу промени, а кој колку ќе успее во тоа, останува да видиме. Во секој случај едвај ги чекаме овие пет нешта.

br1

Првата колекција на Џон Галијано за Маргиела

Не само нашите, туку сите очи од модната индустрија, годинава ќе бидат насочени кон француската модна куќа Маргиела,поточно кон Џон Галијано кој оваа куќа го вработи. Првата негова колекција се подготвува, а креаторот најави нова возбудлива насока.

Нов креативен директор на Гучи

2014 година за Гучи заврши со крај на договорите на креативниот директор Фрида Џанини и извршниот директор Патрицио ди Марко. Во февруари, Џанини ќе ја претстави својата последна колекција за марката. Кој ќе седне на нејзиното место е прашање. Во игра се неколку имиња, меѓу кои и Рикардо Тиши и Кристоф Лемер.

br 2

Што ќе направи Ријана за Пума

Ријана е новиот креативен директор на Пума и на оваа позиција ќе остане неколку години. Промените во Пума започнуваат, а каков нов бран ќе донесе Ријана во брендот, останува да видиме.

Каква глумица ќе биде Кара Делевињ

Како модел се покажа фантастична, но оваа година убавицата ќе ја гледаме и на филмското платно. Подготвена е да го освои Холивуд, и тоа не со еден туку дури со пет филма за кои потпиша договор.

Кендал Џенер на насловната на американскиот Вог

Кендал Џенер на насловната страница на американскиот Вог? Нема официјални потврди дека ова ќе се случи, но реално гледано работите се на страната на Џенер која во 2014 веќе се појави на внатрешните страници на Вог. Модната библија пак, во текот на изминатата година го смени концептот за насловни страници и почна да форсира „риалити“ ѕвезди.

 

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...