5 златни правила за дами во шопингот

Стилот не може да се купи во ексклузивен бутик, туку се стекнува со тек на модното образование, воспитување и искуството. Еве ги 5-те важни правила до кои, доколку се придржувате, нема да згрешите во изборот.

200559715-002

1. При купување на гардероба, треба да внимавате на бојата на тенот, косата и очите. Шарените дезени се само за оние кои се сигурни дека знаат да ги носат, а доколку не сте сигурни најдобро е да се определите за материјали во една боја.

Young woman trying on high heel shoes

2. Чантата треба да одговара со бојата на чевлите кои ги носите, исто како и ременот.

shoping 2

3. Годините се фактор кој секогаш требате да го имате в предвид кога купувате, но и објективниот изглед. Дамите со ситна и грациозна градба секогаш изгледаат помладо од покрупните. Кога објективно ќе го согледате сопствениот изглед, полесно ќе се определите за модата која одговара на вашата личност.

shoping 4a

4. При свечени пригоди облеката треба да биде уникатна, за да не се случи на свеченоста да се појави уште една дама во иста гардероба.

shoping 5

5. При изборот на шешир, дамата треба да се определи за оној кој и прилега на тенот и бојата на косата. Шеширот треба да биде за нијанса посветол од останатата гардероба која ја носите. Есктравагантните шешири се препорачуваат само за оние кои навистина се подготвени и на привлекување внимание, но и на критика.

М.М