Кули

Македонски и бугарски фабрики преку модни ревии до заеднички бренд

Девет модни ревии на македонски и бугарски текстилни фабрики се одржаа во галеријата „Безистен“ во Штип вчеравечер, во насока на градење на зеднички регионален бренд и поставување подобри стандарди во текстилното производство.

Астибо

Астибо Фешн Груп

На настанот организиран од македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје, колекциите ги претставија домашните текстилни фабрики „Амор“, „Астибо фешн груп“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс“ и „Silver day“.

Ларс

Ларс

Нов свет

Нов свет

Силвер деј

Силвер деј

На ревиите дента им претходеше и форум во Штип на кој членовите на кластерите дискутираа за проблемите со кои се соочуваат фабриките од двете земји и за идните активности со кои би се подобрил имиџот на текстилните индустрии во регионот.Фабриките се обединија во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“ кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.

Витал

Витал

Пирос

Пирос

Мартекс

Мартекс

За шминка и фризура на моделите се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип“. Поддршка на модниот настан даде и винаријата „Тиквеш“.

Кули

Кули

Амор

Амор

 

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка беше обезбедена и од  Опшината Штип.

Фотографии- Емилија Маневска

x

Check Also

12 модни изгледи од зимската колекција на Манго кои ги обожаваме!

Шпанската популарна модна марка Манго ја отвори вратата на зимската сезона најавувајќи ...