Во Недела премиера на филмот CKOPA во Кино Карпош

Оваа недела во Недела со почеток од 21 часот скопските „филмаџии“ и љубители на краткометражниот филм ќе уживаат во премиерата на долго очекуваниот CKOPA во режија на James Honeycutt и продукција на Kristina Ilievska, а во главните улоги се фантастичните дами и музи на театарот, филмот, имагинацијата … Јелена Јованова и Наташа Петровиќ, придружувани од фантастичните кавалери и одлични актери Владимир Петрович и Стефан Вујисиќ.

1a

CKOPA накратко … Две пријателки, во околината на Скопје, чекаат да се случи нешто што ќе ги разреши нивните дилеми. Едно интроспективно патување зачинето со измислена етимологија, филозофија, и камења со кои се поврзуваат.

4a

Снимањето на CKOPA беше неверојатно интересно искуство. Иако снимањето во принцип е напорна работа која бара голема концентрација, ние сите, вклучително и јас, многу се забавувавме. Екипата беше извонредна и не само што имав шанса да работам со прекрасни луѓе, туку се створи и онаа прекрасна атмосфера на слеаност меѓу сите нас, нешто што секогаш се посакува, а ретко се постигнува. Одделно прашање е високата професионалност на секој член на екипата и одговорноста со која секој од нив пристапуваше кон поставените задачи, раскажува Кристина Илиевска.

3a

„Еден од моите омилени делови од филмот ми беше почетокот, сцената кај аквадуктот. Снимањето на оваа сцена ми беше исто така многу важна и ќе ми остане во секавање засекогаш. Toj ден имавме прекрасно време. Oткaко ги најдовме најубавите агли за снимање и откако сe снимивме, решивме да ја снимиме сцената уште еднаш. Тогаш јас имав шанса да седнам на страна и да уживам во моментот“, вели Кристина како „дежа ву“ од прекрасното веќе – видено уживање за неа и нејзиниот тим во кое ќе имаме чест сите да уживаме оваа недела во Недела во Кино Карпош.

6a

Директор на Фотографија – Dario Sekulovski
Асистент Режија – Sin Popena
Арт Дирекција – Dethvixay Banthrongsakd

5a

По проекцијата уживањето ќе го „препуштиме“ на DJ Fluid

7a

9a

x

Check Also

Шер изгледа гламурно за Марк Џејкобс

Би рекле ли дека има 69 години? Шер изгледа гламурно во кампањата ...