Бадникова посна трпеза – 3 рецепти за мерак

Бадниковата вечер ќе ја минеме во кругот на семејството, а се верува дека трпезата треба да биде пријатна и на неа да има барем три различни јадења за целата година да ни биде полна.

Нашиот избор за бадникова трпеза падна на трите превкусни посни рецепти – полнети пиперки со грав, подварок со суви сливи и запечена посна сарма.

Секако, тука е и бадниковата посна погача (како да ја подготвите причитајте – ТУКА).

posno 2

Запечена посна сарма

Потребно е – 20 листа кисел купус, 2 праза, 3 чешниња лук, 300 грама семки од сончоглед, 200 грама ориз, 2 моркова, црн пипер, сол, зачин по желба, зачин од пиперка, 200 мл масло.

Подготовка – Семките од сончоглед и оризот натопете ги во врела вода да омекнат, па оставете ги да отстојат 15-на минути. Празот исчистете го, исечкајте го ситно и пропржете го, потоа додадете ги семките од сончоглед и оризот. Додадете го и исечканиот лук, изренданиот морков и зачините по вкус. Се добро измешајте, па кога смесата ќе се излади, со неа исфилувајте ги листовите кисела зелка и направете сарми. Сармите ставете ги во сад за печење и прелијте ги со запршка направена од зачинската пиперка и маслото. Печете 2 часа.

Подварок со суви сливи

posno 7

Потребно е – 250 грама кромид, 1 кг кисела зелка, 2 листови ловор, 200 грама исечкани суви сливи, 50 грама ориз, малку масло, зачинска пиперка и црн пипер.

Подготовка – Исечканиот кромид динстајте го на малку масло. Додадете го ловорот и исечканата зелка, продолжете да динстате на тивок оган додека зелката омекне. Потоа, додадете ги сувите сливи и не многу сварениот ориз, зачинската пиперка и црн пипер. Измешајте добро се заедно и префрлете го подварокот во сад за печење. Печете во рерна околу 45 минути.

Пиперки полнети со грав

posno 1

Потребно е – 500 грама грав, 4 главици кромид, 8 кисели бабури (пиперки) од туршија, црн пипер, малку масло.

Подготовка

Гравот сварете го со исечканиот кромид и исцедете го. Смелете ги, додадете го маслото и црниот пипер. Со таа смеса наполнете ги бабурите од туршијата. Преостанатиот грав ставете го на тава за печење па преку него наредете ги пиперките и печете ги 20- на минути во рерна.

x

Check Also

Солена торта од компири

Можеби сте пробали компири приготвени на секаков начин, но оваа солена торта ...