Овие празници нешто вкусно се мати во „Аромати“

Празничната магија сеуште трае, уживаме во семејната атмосфера со најблиските. Божиќните презници го зближуваат семејството, носат радост за најмалите и убави заеднички моменти со најсаканите. А празничната трпеза не би била комплетна без совршен десерт.

Слатки со божиќни симболи

Дедо Мраз, убавиот Снешко Белчо, шеќерните бастумчиња, божиќното цвеќе, елки со снег и многу лампиони, торти подарок кои кога ќе ги „одвиткате“ ќе добиете многу чоколада.
Тимот на Аромати, местото каде што секогаш „нешто вкусно се мати“ ни ги открива најбараните слатки за празниците преку нивните прекрасни дизајни.

Гордана Бетинска, дамата која е заслужна за секоја насмевка и добро заблажени гости,  ни ги претставува најновите трендови за 2016 година кога слатките се во прашање.

За најмилите … Елса е принцеза над принцезите 

Модната индустрија Елса ја прогласи за една од најдобро облечените принцези, а малите принцези ширум светот полудеа по нејзиниот стил и секако роденденската торта ќе биде инспирирана од приказната на Елса. Бидејќи наближува традиционалното празнување на Старата Нова година би било одличен подарок за малите принцези да им подарите торта или мафини со тема „Фрозен“ и секако омилените Елса и Ана, како замена за стереотипното пакетче и секако слатко објаснување дека и не е така лошо што славиме две „Нови Години“.

Најпосле, кога е роденденот на вашата принцеза? Елса е суперсладок одговор на прашањето – каква торта сакаме.

Беби забави – Baby Shower … тренд  на подарување за добредојде на новиот член во семејството

Овој тренд веќе долго е прифатен и кај нас. Покрај прекрасните слатки кои традиционално ги подарува кумот откако новиот член ќе пристигне во својот дом. Обично женската страна, или „дружината“ на идната мајка знае да биде многу креативна и да ја израдува со слатко изненадување на кое ниту една трудница не би одолеала. Како вечна тема е добро познатиот штрк кој ги носи малечките на крововите на семејните куќи, или прекрасна трудница на која се забележани слатките „удари“ од утробата и темпераментот на малечкото. Ангели чувари, плишани слатки мечиња и секако главниот повод за прославата – малечкото насликано со чоколада и фондан, прекриено со топло ќебенце, „насликано“ во колевка со своите нови играчки и уште многу волшебни слики кои ќе ве разнежнат.

Кога љубовта се прославува 

Слатките за убавите моменти кога се слави љубовта најмногу ги следат модните трендови. Форми, украси, големини, вкусови за кои е потребна една голема книга да се опишат и забележат. Најнов тренд на запросување е торта во форма на кутија за прстен, а на слаткото перниче да стои вистинскиот прстен кој ќе биде подарен на идната невеста. И  која девојка би одолеала на ваква слатка понуда?


… и уште многу прекрасни поводи кои се прославуваат со овие прекрасни слатки.

Посетете ја Фејсбук страницата на Аромати – ТУКА.

x

Check Also

Признание за Ана Сенчук за особен придонес во наставната дејност

  Во дворот на основното училиште ООУ Ј.Х Песталоци во општина Центар ...