12 правила на исхрана за ефикасно согорување на масните наслаги

Јасно е дека ни бил потребен долг период за да наталожиме масни наслаги на телото. Тие никогаш не се појавуваат со едно-две прејадувања, како што обожаваме да се тешиме и да објаснуваме. Подеднакво е јасно и дека никој не ја зголемил телесната тежина доколку бил физички активен и внимавал на внесот на исхраната. Но сега, кога масните наслаги се веќе тука, да се обидеме нешто да промениме. Исхраната, за почеток. fit 1

  1. Не ги намалувајте оброците, туку порциите

Треба да имате најмалку три оброци дневно, појадок, ручек и вечера. Не прескокнувајте ниеден од овие оброци, дури пожелно е да додадете уште два меѓуоброка. Тоа што треба да скратите се порциите. 5 мали порции дневно ќе го одржат вашиот метаболизам на задоволувачко ниво и ќе имате доволно енергија за цел ден. Верувале или не, повеќе (мали) оброци дневно повеќе помагаат во борбата против килограмите.

fit 7

2. Исфрлете ги газираните пијалаци

Ако можете, сосема исфрлете ги. На оваа листа спаѓаат и газираните диетални пијалаци и киселата вода зашто прават надуеност и задржуваат премногу вода во телото.

3. Што повеќе протеини и зеленчук

Истражувањата покажуваат дека исхраната базирана на протеини резултира со поголема загуба на мастите и побрзо намалување на килограмите. Протеините ги градат мускулите, ги согоруваат мастите и прават подолго да се чувствувате сити. Зеленчукот пак, е незаменлив елемент на вашата здрава исхрана и извор на сите витамини и минерали.

fit 8

4. Заменете го путерот со маслиново масло

Наместо со путер, готвите со маслиново масло. На тој начин ќе го намалите внесот на нездрави масти и ќе го зголемите внесот на монополизаситените масни киселини кои се познати по тоа што го забрзуваат метаболизмот и ги топат масните наслаги.

5. Шака бадеми

Оревите, бадемите и лешниците се полни со калории, но кога се конзумираат во мала количина секојдневно помагаат за топење на мастите. Шака од нив дневно е совршена доза.

fit 10

6. Неизбежниот зелен чај

Докажано е дека зелениот чај го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот исто како што го намалува и обемот на струкот. Испијте чаша зелен чај после секој оброк за да го подобрите варењето и да го забрзате метаболизмот.

fit 66

7. Портокал, грејпфрут и мандарина

Ниското гликемиско ниво кај овие овошки ги прави одличен извор на јагленохидрати во било кое време од денот. Како најдобар додаток на вашето согорување на вишок килограми пробајте да јадете четвртина грејпфрут или портокал со појадокот.

8. Почестете се

Дозволете си еден оброк за честење на себе самите во неделата. Делува многу мотивирачко особено за време на диетите.

9. Свежото е подобро од суво

Сувото овошје е превкусно, но свежата верзија од тоа исто овошје е секогаш подобра. Наместо три суви кајсии на пример, изедете три свежи и на тој начин ќе внесете многу помалку шеќер и калории.

10. Оброк пред спиење

Погрешно е верувањето дека ништо не требате да јадете пред спиење. Напротив, еден паметен оброк на еден час пред спиење е идеален зашто на тој начин обезбедувате хранливи елементи за вашите мускули, особено ако се навежбани, во текот на вечерта. Значи, на 1 час пред спиење јадете мала порција богата со здрави масти и зелен зеленчук.

11. Мултивитамини

Многу е важно на организмот да му обезбедите доволно витамини и минерали во текот на денот. Понекогаш не добиваме се преку храната која ја внесуваме. Суплиментите богати со витамини и минерали се неизбежни особено кај жените.

12. Витамин Ц и Д за согорување на масти

Истражувањата докажаа дека за поефикасно и побрзо согорување на мастите треба да земете доза од 500 мг витамин Ц дневно и 800 мг витамин Д.

x

Check Also

Фитнес колекцијата на Мисони е „боли глава“

За првпат италијанската луксузна модна марка Мисони лансира колекција за вежбање. Колекцијата ...