Дерматолошки совети за сува кожа од доц.д-р Катарина Ставриќ

Кожата е првата бариера кај новороденото кое се сретнува со различните фактори на околината на кои бива изложено штом излезе од сигурната интраутерина средина на мајката. Преку кожата организмот се запознава со надворешната средина, создава одреден имунолошки одговор и не дозволува прекумерна стимулација на имуниот систем. Иако кожата кај бебињата наликува по градба на онаа кај возрасните, сепак функционално е незрела. Таа е особено чуствителна на влијанијата од околината. Потенката кожа го олеснува губењето на вода, а сето тоа допринесува до полесно навлегување на разни штетни материи. Жлездите ја немаат достигнато целосната активност, па поради тоа не е целосно развиен воденомасниот обложувачки слој што ја прави бебешката кожа почуствителна на инфекциите кои лесно можат да ја оштетат. Ова е особено изразено кај дечињата кои имаат атописки дерматитис.

euc 3

Атописки дерматитис и егземата подразбираат црвенило на кожата, која чеша, а се јавува како резултат на некој надворешен тригер фактор. Често се јавува кај деца со позитивна фамилијарна анамнеза за алергии. Атопискиот дерматитис е еден од најчестите хронични болести и првите клинички манифестации на атопијата се во детската возраст. Под алергија се подразбира несакана реакција на организмот на супстанции од храната или од надворешната средина. Тие супстанции се нарекуваат алергени и не се штетни и немаат ефект кај лица кои не се алергични. Најчесто се алергени од храна и тоа кравјо млеко, јајце, јаткасти плодови – кикирики, бадеми, лешници, ореви, цитрусни овошја, полени, домашна прашина, мувла и животински влакна. Егземот најчесто се јавува на образите. Но во тек на доенечкиот период промените се шират и се јавуваат на целото тело. Кожата станува сува, тенка и лушпеста. Егземот најчесто изчезнува кон крајот на втората година.

Третманот на атопискиот дерматитис подразбира пронаоѓање и одстранување на алергенот, но и на тригер факторите кои го провоцирале неговото појавување. Со лекови не се лекува алергијата, но се третираат симптомите. Промените на кожата се различни на различни делови од кожата, па одтука треба и различен тераписки приод. Најчесто се користат овлажнувачи и тописки кортикостеориди.

Бебешката кожа која создава помалку себум и пот не бара често миење како кај возрасните. Се препорачуваат нежни маслени купки со pH 5, без мирис и боја за да не ја иритираат сувата и чувствителна атопична кожа. Бањањето да не е со многу топла вода, а бришењето да е со мека памучна крпа со тапкање.

euc 1

Користењето на овлажнувачи е есенцијално во третманот на егземот. Тие треба да се користат почесто и на целата кожа дури и ако нема видливи егзематозни промени, затоа што и навидум „здравата кожа“ е оштетена и лесно може да се воспали. Во основа постои дефект во метаболизмот на линоленската киселина што доведува до нарушена кожна бариера, олеснет продор на алергени и микроорганизми. Затоа е важно честото користење на креми и во големи количини, а посебно на креми кои се специјално наменети за атописката кожа. АтопиКонтрол производите на Еуцерин содржат омега 6-масни киселини кои ги стабилизираат меѓуклеточните врски во епидермисот, но содржат и ликохалкон А кој има противвоспалително смирувачко дејство врз јадежот. На располагање за основна нега има АтопиКонтрол масло за туширање, лосион и крем. Тие може да се користат за бањање, чистење и  влажење на кожата и особено се препорачуваат кај деца помлади од 1 година. Новите формули на Еуцерин АтопиКонтрол интензивен смирувачки крем, дополнително се збогатени со декандиол кој има антибактериско дејство и ментоксипропандиол кој помага во намалување на јадежот. Ова дава особено ефикасно дејство кај егземите, каде јадежот е симптом кој тешко се контролира и им задава најмногу грижи како на децата така и на родителите.

Одржување на здрава кожа како и превенција од изложување на токсични супстанции се предуслов за здрава кожа подоцна во животот.

 

 

 

 

 

x

Check Also

Бесплатни здравствени прегледи за сите граѓани утре во Skopje City Mall

  По повод Светскиот ден против пушењето 31-ви мај, Skopje City Mall ...