Појадокот во диетите: Што да јадеме за појадок ако сакаме да ослабнеме?

Појадокот е најважен оброк во денот, па затоа не треба да го прескокнуваме, особено ако сме на диета. Правилно избраниот појадок ни го забрзува метаболизмот наутро, а на некој начин и ни одредува што и како ќе јадеме во текот на денот.

slika 3

Појадокот е наш прв оброк после часови спиење. Ако појадуваме здрав оброк ќе го забрзаме нашиот метаболизам. Во спротивно, ако не јадеме до ручекот, нашето тело тоа ќе го разбере како време за штедење на енергија, па енергијата ќе почне да ја чува во вид на масти кои ќе ги наталожува, а не согорува. Ако сте на диета или сакате да ослабнете, потребен ви е појадок полн со протеини и растителни влакна кој ќе ве држи сити се до доцниот ручек. На тој начин ќе ги избегнете грицките кои се извор на дополителни калории.

Појадокот не смее да се сведе на филџан кафе, така побрзо ќе изгледнете, телото ќе си бара храна веќе на пладне, па лесно ќе посегнете по нездрава храна, особено по слатко. Шеќерот во крвта ќе падне и ќе имате потреба за слатко и мрсно. А тоа се празни калории кои ќе ве наполнат, но со нив нема да ги добиете потребните состојки.

slika 1

Што да појадувате?

Заборавете на крофни и палачинки за појадок, на лепчиња пржени во јајце, лепчиња со мрсни намази, салами и зашеќерени или чоколадни овесни снегулки. Внесувајќи шеќери за појадок ќе добиете само за кратко време енергија, потоа ќе следи пад и чувство на безволност, поспаност.

Не е важен само изборот на храната за појадок туку и големината на порцијата, односно појадокот треба да биде енергетска, а не калориска бомба. Појадокот треба да содржи една четвртина од препорачаните дневни калории, односно да содржи околу 250 до 300 калории доколку сакате да ослабнете. Калории се внесуваат и со соковите, затоа вкалкулирајте ги и нив. Секако, зборуваме за цедени свежи овошни сокови, а не за „тетрапак“ кој не се добар избор. Одличен сок за појадок може да се направи од цеден лимон, цеден портокал и лажичка мед (околу 80 калории во чаша). Внимавајте и какво кафе одбирате, но и на млечните производи колку масти содржат.

Предлози за појадок со околу 250-300 калории

slika 2

Овесна каша со млеко кое содржи малку масти, со една банана и друго овошје по избор.

Житарки без шеќер со немасен јогурт и едно овошје по избор.

Сендич од две тенки кришки интегрален леб, мало парченце варено пилешко месо, лист зелена салата и домат.

Омлет од две јајца со печурки сервиран со кришка интегрален леб.

slika 9

Парче интегрален леб со лажица путер од кикиритки.

Смути од овошје по желба со едно варено јајце и 30 грама немасно сирење.

Две меко варени јајца со кришка интегрален леб и чаша немасен јогурт.

slika 5

Смути од зеленчук по желба, парче интегрален леб и тенко парче лосос.

x

Check Also

Back to gym! – да се вратиме на здравите навики

Од денес започнува кампањата за поттикнување здрав и активен живот на Polleo ...