Каква чаша за кое вино? Послужете како што треба за целосно задоволство

Одбравте одлично вино и сега ред е да го послужите и во одлична чаша, соодветна за конкретното вино.

vino 99

Чаши за црвено вино

Овие чаши се карактеристични по округлиот и поширок балон кој му овозможува на виното да дише. Со оглед на тоа дека најголем дел од црвените вина се пијат на собна температура, поширокиот балон е идеален зашто виното побргу се лади по допирот со раката.

Разликуваме два типа на чаши за цвено вино.

vino 1

Bordeaux чаша. Таа е висока, со широк балон, направена за црвени вина со посилен вкус како Cabernet и Merlot. Го насочува виното кон задниот дел на устата.

vino 3

Burgundy чаша. Таа е поголема од претходната и има поголем балон за да ја акумулира аромата на деликатните црвени вина, како Pinot Noir. Ваквата чаша го насочува виното на врвот на јазикот.

Чаши за бело вино

Тие се потесни, но не толку тесни како чашите за шампањ. Помали се од чашите за црвено вино зашто белите вина немаат голема потреба за воздух.

vino 7

Чаши за шампањ

Овие чаши се одликуваат со долга нога и висок и тесен балон. Ваквата форма подолго ги задржува меурчињата во виното. Чашата за шампањ е направена да се држи за ногата за да не дојде до загревање на виното со раката.

vino 70

Чаши за десертни вина

Ваквите вина бидејќи содржат повеќе алкохол се служат во чаши со помал формат кои се стеснуваат на врвот поради подобро чување на аромата.

vino 87

x

Check Also

Мезе од авокадо и сирење

Чекате ли гости? Еве една идеја за супер закуска. Изупете 2 поголеми ...