Моден едиторијал на фотографот Божидар Барлакоски: Секојдневниот маж

Кога би можеле да го поделиме животот само на два дела, би го поделиле на  време кое сакаме да го прескокнеме (ама не можеме), и време кое сакаме да го запреме.

guess 1_1024x683

Тоа е нашето време, личното време, посебно на секој од нас, време за желби, потреби, време за кое на светот не му е грижа.

Часовникот е заедничката сенка на тие две времиња. Тој не е одлика  на богатство, или на статус, туку е одлика на епска мажествена издржливост низ времето кое го носиме како товар,  до почнувањето на она, „небитното“ за светот,  време во кое се посветуваме на малите детаљи кои не дефинираат.

guess 3_1024x683

Исто како што не дефинира и изборот на часовникот во кој наѕираме,  со исчекување, уште колку преостанува до преминот од она што сакаме да сме, до она што мораме да бидеме, и обратно.

guess2_1024x683

Колку е изгледот на нашиот часовник во склад со нашиот изглед, колку е неговиот карактер ( дизајн) доследен на нашиот карактер. Правилно избраниот часовник е гордо оковување со своето време, испраќање сигнал дека  имаме време за живеење, дека имаме немаме време за губење, дека е битна секоја секунда, па дури и кога правиме небитни нешта само затоа што во нив уживаме, а тоа е времето кое би сакале да го запреме.

police 1_947x768

police 2_792x768

Соработници: Оптика „Оптил“
Модели: Илија Русески, Александар Перковски
Фотографија: Божидар Барлакоски

 

x

Check Also

10 пролетни изгледи од H&M

Подгответе се да и кажете збогум на зимата со новите пролетни модни ...