Торта од темна чоколада и Каберне совињон

Дегустирајте ја  префинетата чоколадна торта која се прави со врвното вино Каберне совињон. Послужете ја со чаша Каберне совињон од Тиквеш.CABERNETПотребни намирници – 90 грама путер, 230 грама шеќер, 100 грама темна чоколада, 1 јајце, 180 мл црно вино Каберне совињон, 140 грама брашно, 30 грама какао во прав, 1 лажица прашок за пециво, 1 прстофат сол, 1 прстофат цимет.

Подготовка

tor

Загрејте ја рерната на 170 степени. Изматете ги убаво путерот со шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Истопете го чоколадото и додадете го на смесата, па измиксајте состојките да се соединат.

Потоа во смесата додадете го и јајцето, па поворно измиксајте, додавајќи го полека и црното вино. Внимателно додадете го и брашното постојано мешајќи, какаото, прашокот за пециво и циметот.

Целата смеса претурете ја во тава за печење и печете ја 40- на минути.

Печената торта изладете ја, па послужете ја со чаша врвно Каберне совињон.

Каберне Совињон е суво црвено вино со пурпурноцрвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин и мириси на вишна, малина и на суво грозје. Се одликува со полно тело, добро избалансирани танини и со карактеристично елегантна завршница.

x

Check Also

Германскиот диџеј Gregor Tresher со настап на 11 март во Епицентар

  Оваа сабота Епицентар за клаберите им приреди вистинска забава со настапот ...