Најздрава и најдобра диета за 2016 година е…

US News & World Report ја објавија листата на најдобри диети за 2016 година.

dieta 3

Во анализата биле вклучени група водечки здравствени експерти кои ги рангирале 38-те најпопуларни диети земајќи предвид седум критериуми.

За најдобра диета и годинава е прогласена DASH диетата, а веднаш зад неа е МIND диетата.

Даш диетата се реализира во две фази. Првите две недели се темелат на помало внесување на јагленохидрати кои ќе го променат метаболизмот зашто телото нема да мора да произведува инсулин. Четиринаесет дена нема да смеете да јадете ни овошје, ни житарки, но затоа дозволени се многу протеини (немасно месо и риба), и зеленчук што не содржи скроб, сирење со помала масленост како и многу јаткасти плодови.

Во втората фаза повторно се јадат житарки со полно зрно, овошје и зеленчук кој содржи скроб. Луѓето обично губат нешто повеќе од два килограми во првите две недели и меѓу 4,5 до 15 кг во периодот од два месеца.

 

x

Check Also

Мит за слабеењето кој ни е преку глава

Се е дозволено, само во мали дози – е изрека која често ...