Во новото издание на списанието Спортс Илустрејтид, вниманието го привлече кампањата на модната марка специјализирана за костими за капење Swimsuitsforall, насловена Свим Секси. Главни модели во кампањата се плус-сајз девојките Ешли Грахам и Филомена Квао и 56-годишната Никола Грифин, поранешна манекенка, која е воедно и најстара жена која се појавила до сега на страниците на Спортс Илустрејтид.

Ешли Грехам

Ешли Грехам

Како марка – лидер во изработка на костими за капење за сите конфекциски броеви, Swimsuitsforall овојпат отиде чекор понапред со цел да не убеди да си го засакаме сопственото тело без разлика на недостатоците.

Филомена Квао

Филомена Квао

„ Не ни помислував дека ќе се појавам во Спортс Илустрејтид, особено не во бикини. Задоволна сум и благодарна што ја добив можноста да им ги отворам очите на луѓето за различни типови на сексапилност. Жените се убави во својата кожа, без разлика на годините и конфекцискиот број“, објаснува 56-годишната Грифин.

Никола Грифин

Никола Грифин

x

Check Also

Екстравагантна нова колекција на венчаници од Вера Ванг

Вера Ванг ја претстави новата колекција на венчаници за сезоната пролет/лето 2018. ...