6 видови храна за здрава и блескава кожа

Она што го јадете влијае на вашето целокупно здравје, вклучувајќи го и здравјето на кожата. Ова се шестте најдобри намирници за здрава и блескава кожа.

hrana 1 

Боровинки

Тие се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали познати по предизвикувањето на многу болести и предвремено стареење. Освен тоа, го  спречуваат оштетувањето на клетките на кожата, а се богати и со растителни влакна и витамини Ц и E.

Ореви

Тие се богати со Омега-3 масни киселини кои се одлични за кожата и косата. Косата ја прават сјајна, а кожата мазна.

Домати

Тие се богати со каротеноиди и хранливи материи кои  помагаат да се забави оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.

domat 2

Калинки

Богати со антиоксиданси кои и  помагаат на кожата во производството на колаген со цел брзо закрепнување од оштетувањата.

Зелен чај

Тој е богат со антиоксиданси и помага да се ублажи штетата која е настаната од изложување на сонце. Содржи полифеноли кои  помагаат да се регенерираат клетките на кожата. Богат е со витамините Ц, Д и К, цинк, калциум, магнезиум и железо.

 

x

Check Also

Бесплатна домашна посета за сите

Зимските денови се период на вируси, грипови и зачестени настинки. Како што ...