7 причини кои предизвикуваат опаѓање на косата

Многу од жените се соочуваат со проблемот опаѓање на косата во различен период од животот, поради различни причини.

Повеќето од нас губиме по малку од косата секојдневно, твдрат од американската клиника Мајо, објаснувајќи дека во просек губиме по 50 до 100 влакна од косата дневно. Причините за губење на косата се различни, за среќа, најдобар дел од нив се надминуваат или пак се само привремени.

Еве ги најчестите причини за опаѓање на косата кај жените.

Контрацептивни апчиња

kosa

Апчињата за контрацепција всушност, кај некои жени предизвикуваат косата да расте побрзо, но кај други овој хормон кој го содржат доведува до истенчување на влакното. Ако сме чувствителни на овој хормон кој ја регулира превенцијата од забременување, може да се соочиме со опаѓање на косата и тоа неколку недели или месеци откако ќе престанеме да ги пиеме апчињата. Секако, овој проблем со косата е привремен и сам од себе се решава за неколку месеци, а доколку тоа губење на влакната станува поинтензивно треба да се обратиме кај гинекологот.

Породување

kosa 2

Многу жени се соочуваат со опаѓање на косата откако ќе родат дете кое е најиразено на три до шест месеци по породувањето. Причината за такво губење на косата е во хормоните. Бремените жени не ги губат тие 50 до 100 влакна дневно како останатите жени, па истите ги губат одеднаш откако ќе се стабилизираат хормоните. Всушност, за околу 6 месеци по породувањето (и подолго доколку дои) жената ќе има повторно иста коса како и пред забременувањето.

Тироида

kosa 3

Тироидната жлезда е уште еден причинител за опаѓање на косата. Нејзината пореметена работа може да доведе до засилено опаѓање на косата. Но опаѓањето на косата во овој случај е најмалата работа за која треба да се грижиме зашто пореметената функција на тироидната жлезда може да донесе посериозни проблеми – повисок холестерол, депресија, проблем со меморијата па дури и срчеви проблеми. За среќа хипотироидизмот се лекува со медикаменти.

Третмани на коса

kosa 4

Некои третмани на коса доведуваат до нејзино опаѓање. Меѓу нив најпознати се – екстензиите на коса, мини-валите и воопшто виткањето на косата со употреба на различни вештачки производи и хемикалии. И не само што предизвикуваат опаѓање, туку и го истенчуваат влакното. Овој проблем се надминува со драстично потстрижување на косата и употреба на природни и витамински маски.

Екстремен стрес

kosa 5

Стресот може да предизвика засилено опаѓање на косатат, но тоа не е оној секојдневен стрес, туку естремен, акутен стрес. Ненајдениот психички стрес, кој може да биде прдизвикан и од емоционални причини, раскинување на врска, но и од финансиски причини, како загуба на работното место, предизвикува акутно опаѓање на косата кое трае дури и до шест месеци после преживеаниот стрес. Растот на косата се нормализира сам од себе, откако ќе го надминеме стресот.

Недостаток на витамини

kosa 6

Недостаток на само еден витамин нема да доведе до опаѓање на косата, но на неколку витамини заедно, ќе доведе. Тоа е недостаток на железо, цинк, витамин Б и витамин Д. Проблемот се надминува со витаминска терапија или со витаминска диета.

Одредени медикаменти

kosa 7

Апчињата кои се употребуваат за лекување на депресија, канцер, артритис, срцеви проблеми, предизвикуваат опаѓање на косата. Ваквиот проблем во овој случај се надминува со употреба на апчиња кои потпомагаат раст и зајакнување на влакното на косата.

x

Check Also

PHI-Prostate Health Index – прв револуционерен тест за детекција на канцер на простата единствено во Биотек Лабораторија

БИОТЕК Лабораторија повторно уникатна и единствена, во новата година воведе нови анализи ...