70-годишната комичарка Бети Мидлер е новото лице на Марк Џејкобс

Докажувајќи уште еднаш дека е дизајнер кој ги урива стандардите во модниот свет, Марк Џејкобс за потребите на пролетната кампања ја ангажираше глумицата Бети Мидлер (70).

bm 1

Во кампањата пролет 2016 на Марк Џејкобс главната улога ја имаат три лица – Бети Мидлер, музата – модел на креаторот, Лана Вачовски и моделот Сандра Бернхард.

Џејкобс објасни дека Мидлер е неговиот херој и дека таа била неговата инспирација за да влезе во светот на модата.

„ Каква привилегија е да си ги познавате хероите! Моето најрано сеќавање на Мидлер датира од кога имав 9 години. Се сеќавам на нејзиниот перформанс кој се случуваше во Ансониа Хотел, живо ја памтам нејзината генијална изведба и музика. Бев љубопитен и обземен од нејзината енергија, нејзината моќ, нејзиниот глас, гламурот. До денес, сметам дека Бети беше заслужна за мојата инволвираност во модниот свет“, објаснува Џејкобс.

x

Check Also

Забавни Инстаграм фотки од доделувањето на наградите Златен глобус

Веќе ги видовме фотографиите на ѕвездите на црвениот тепих од доделувањето на ...