8 работи кои (можеби) не ги знаете за Венеција

Градот познат по романтичната атмосфера, живописните карневали и Филмскиот фестивал, ги привлекува туристите од сите страни на светот. Од неодамна, поради можноста за евтини летови, Венеција стана и една од најпосетуваните дестинации на Македонците кои сакаат да патуваат.

Но знаевте ли дека Венеција не била изградена првично на островот, туку била поставена на над 100.000 дрвени штици на кои пак биле сместени рибарски колиби. Дури подоцна се изградила во стилот кој го познаваме и денес.

Еве уште 8 занимливости поврзани со историјата на градот.

v 7

Понте деи Соспири

Името на познатиот мост Понте деи Соспири било дадено од поетот Лорд Бајрон во 19 век, а инспирацијата дошла од затворениците кои од овој мост за последен пат се простувале од градот пред да бидат испратени во ќелиите.

v1

Легендата вели дека еден од таквите затвореници бил и познатиот љубовник Џакомо Казанова, кој подоцна успеал да избега од затворот.

Типични гондоли

v 2

Веројатно еден од најголемите симболи на градот се гондолите, традиционалните чамци кои се употребуваат повеќе од 10 века. Секоја гондола е направена од 8 различни видови на дрва, а секој дел на гондолата претставува посебен дел од Венеција. На пример, предниот дел на гондолата ги претставува шестте зони на градот, задниот дел е островот Џудека а централниот го означува Риалто мостот.

Венеција во бројки

Венеција има 417 мостови (72 од нив се приватни), околу 350 гондоли и 400 гондолиери, 117 канали, 118 острови и 127 плоштади. Изградена пред 1500 години, Венеција потонува во морето просечно по 1-2 милиметар годишно.

Најтесната уличка во светот

Знаевте ли дека во Венеција се наоѓа една од најтесните, или најтесната, уличка во светот? Се вика Калета, лоцирана е во близина на Кампо Сан Канчиано. Има само 53 сантиметри.

v 3

Адреси

Ако сте ја посетиле Венеција познато ви е дека е речиси невозможна мисија да најдете адреса во градот. Куќите во Венеција се нумерирани според зоните, а не според улиците, па ако сакате да најдете одредена адреса треба да се оријентирате според спомениците.

Историјата на Свети Марко

Познатата камбана Свети Марко е висока околу 98 метри и од горе може да се ужива во фантастична панорама на градот. Има 5 ѕвона, секое со своја функција. Ѕвоното Малефико (зло) порано ја најавувало смртта, Мецана се огласувала секој ден точно на пладне, Марангона ја означувала почетокот и крајот на работата на трговците, Прегади пак ги најавувало средбите на сенаторите во Палацо Дукале, додека Тротера звонело за да ги покани благородниците да излезат со нивните коњи.

v 5

Чао

Најпознатото италијанско зборче „чао“ е родено во Венеција. Многу одамна луѓето во Венеција имале навика да се поздравуваат со „s-ciavo vostro“ што значи, на ваша услуга сум. Потоа, со текот на времето поздравот се скратил на счиао, за најпосле на чао.

Маски

v 6

За туристите една од најомилените работи во градот е карневалот. Постојат 3 типа на маски- Баута, Морета и Ларва. Баута комплетно го покрива лицето а најчесто нема ни дупка за устата и означува вина и срам, Морета е овална црна маска од велвет, која некогаш ја носеле само жените кога оделе во манастири. Додека пак Ларва е обично бела и треба да се носи со шапка и часовник.

x

Check Also

Идиличен одмор на Капри – Шармот на малиот италијански остров

Италијанскиот остров Капри се наоѓа во Тиранското море и во својата историја ...