9 намирници за младешко лице

Не се може против природата, но некои здрави намирници помагаат во забавување на природниот процес на стареење и ви осигуруваат подолг младешки изглед на лицето. Подеднакво е важно кога, како и во која количина да се конзумираат овие намирници.

 

Омега 3 апчиња

Омега 3 апчиња

Омега-3

Овие масни киселини се главни сојузници во борбата против брчки и воспаленија. Во оваа група на производи спаѓаат пастрмката, лососот, бадемите, сардините, туната и харинга кои се особено богати со омега-3.

Рибата содржи омега-3 и омега-6 масни киселини. Овие киселини дополнително ја намалуваат и манифестацијата на разни воспалителни процеси во организмот кои водат кон затнување на порите на кожата, ја спречуваат појавата на акни и предвремени брчки.

Ореви

Оревите содржат големи количини на антиоксиданси, витамин Е и незаситени масни киселини. Со оглед на тоа дека се и полни со калории, најкорисни се кога секојдневно се јадат но само по неколку ореви.

Зелен чај

Зелениот чај е докажан „чудотворец” кога во прашање е превенцијата од брчки. Конзумирајте од него секојдневно, но најмногу две чаши на ден. Избегнувајте да го пиете навечер зашто може да предизвика несоница.

Маслиново масло

Исклучително е корисно за меморијата. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е кој го намалува лошиот холестерол.

Овошје и зеленчук

Изберете овошје и зеленчук од различни видови и бои. Секој ден треба да се јаде по една голема порција свежа сезонска салата и една овошна салата, односно вкупно 1 килограм овошје и зеленчук дневно. Овошјето и зеленчукот содржат големи количини на витамини и минерали кои го забавуваат процесот на стареење.

brcki 77171

Вода

1,5 литри течности дневно се добредојдени. Најдобрите опции се водата и зелениот чај, додека кафето и зашеќерените сокови неопходно е да се сведат на минимум. Во вечерните часови се препорачува чаша чај од камилица која помага за рекласирање.

Јогурт

За појадок се препорачува чаша јогурт (кој содржи малку маснотии) или чаша млеко. Чаша млеко се препорачува и во вечерните часови или по интензивен тренинг, односно 0,5 литри секојдневно конзумирање на млеко. Јогуртот пак содржи и здрави бактерии за добро варење на храната, го зајакнува имунолошкиот систем и ја спречува предвремената појава на проблемите кои се поврзани со стареењето.

Протеини

Протеините се одличен сојузник во борбата против предвремените брчки. Се препорачува да се конзумираат дневно најмалку 150 грама храна богата со протеини. Ги има во пилешкото и мисиркиното месо, во јајцата, мешункастите плодови и сирењето со малку маснотии. Доколку денот и е исполнет и со физичка активност тогаш на телото му се потребни и повеќе протеини, односно од 1,2-1,5 грама протеини на килограм телесна тежина.

Интегрални намирници

Важна улога во процесот на стареење игра варењето на храната. Затоа се препорачува што повеќе храна која содржи влакна кои помагаат да се подобри дигестијата. Меѓу овие производи се лебот од интегрално брашно, кафеав ориз, ореви, семки, зеленчук, овошје и грав. Влакната дополнително го намалуваат и нивото на холестерол и го враќаат нормалното ниво на шеќер во крвта.

x

Check Also

4 нови парфеми совршени за летните денови

Летните денови украсете ги со раскошни миризби од 4-те нови парфеми кои ...