Аут: „Елена Лука се разведува“, има ли малку стил во „модните вести“?!

Веста дека креаторката Елена Лука, наводно, се разведува, како гром одекна во медиумите и на Интернет- страниците, особено на страничките за мода, стил и убавина.

Факт е дека разводите станаа и кај нас многу модерни, секојдневна „појава“, некои дури добија и холивудски расплети…, но, ако ние се прашуваме, во оваа пласирана вест поддржана (најчесто) со три извичници, не гледаме никакви допирни точки ниту со модата ниту со стилот.

Но да не навлегуваме во туѓите (медиумски) есенски листови, сосема пожолтени. Наше е само да го поставиме прашањето: има ли барем малку стил во „модните вести“?

А што се однесува до приватната наводна „есен“ на креаторката, сигурни сме со прецизност на календар, бездруго како кај секој од нас, дека после секоја есен и зима, доаѓа пролет.

x

Check Also

Вклучете се во овој мал предизвик: Искажете почит и восхит кон својата мајка!

  Инспирирани од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло и ...