Авон со нови иновации во декоративната козметика

Козметичката компанија ја менува историјата на маскарите и воведува нова иновативна технологија за вистински долготрајни интензивни бои.

avon 1
Маскара која ги менува правилата на игра

Козметичката компанија Авон (AVON) отвора нова страница во историјата на маскарите, претставувајќи нова, револуционерна форма на четката. Иновативниот производ маскарата за мега ефект е плод на 6-годишно проучување, 5.000 часа научна разработка и консултации со 2.000 жени.

Мега ефект е суштинска еволуција бидејќи уште од 50-те години на 19 век па сé до денес, маскарите го немаат променето обликот.

„Ние го согледавме фактот дека постои потреба да се подобри начинот на нанесување на маскара и со оваа нова иновација Авон засекогаш го менува начинот на употреба“, вели Лиса Ламберти, извршен директор на секторот за истражување и развој на боја.

avon 2

Новата маскара за мега ефект од Авон има значително покомпактна форма на пакувањето, но се одликува и со револуционерна супер-четка која е прва од ваков вид. Таа совршено го следи обликот на окото и може да се употребува од 12 различни агли за трансформација на трепките од крај до крај, од коренот до врвовите.

„Супер-четката лесно се превиткува и ви овозможува да нанесете на самата основа на трепките од многу различни агли, и тоа на сосема едноставен начин.“- објаснува Лорен Андерсен, шминкерка на познатите ѕвезди и нов експерт за шминка на Авон.
avon 5
Благодарение на оваа иновација се постигнува извонреден панорамски волумен на трепките кој е за 40% поголем во споредба со традиционалните четки, очите изгледаат поголеми, а трепките потемни и погусти. Исто така, маскарата е направена со водоотпорна формула која спречува заплеткување, размачкување, или пак згрутчување и водено ее тестирана од офтамолог.

Нова линија шминки со револуционерна Тру колор технологија

Козметичкиот гигант ја претставува својата нова инспиративна линија на шминка – создадена да го открие најубавото во секоја жена под мотото „Ти ја создаваш убавината“. Производите од Авон колор (AVON Color) се создадени да понудат професионален изглед за домашна употреба дури и на помалку искусните корисници. Во линијата е имплементирана иновативна Тру колор (True Color) технологија која обезбедува вистинска долготрајност на шминката и екстремно интензивни и живи бои кои одговараат на сите можни тенови на кожата и остануваат сосема идентични како во палетата.
avon 3
Покрај Тру колор (True Color) технологијата, во оваа линија новитет се и супериорните формули употребени кај различните производи од Авон Колор (AVON Color). Кај производите за усни како карминот, сјајот за усни, новитетот молив-кармин и моливчето за усни, формулата вклучува потхранувачи шеа путер, омега масти, арктички бобинки и витамин Е. Овие елементи ги прават усните нежни, ги заштитуваат и даваат чувство на инстантна хидратација. Кај производите за усни дополнително е развиена и формула со самообновливи пигменти за загарантирана долготрајност на боите, а истата формула е застапена и кај сенките за очи.

Линијата Авон колор (AVON Color), чие заштитно лице е атрактивниот модел Ирина Шаек, го нуди сè она што е потребно за совршен изглед на дамите – кармин, молив-кармин, сјај за усни, четирибојни и двобојни сенки за очи и моливче за очи.

Линијата вклучува:
–    Луксузен кармин -ултра Колор (Ultra Color)
–    Самоостречко моливче за усни
–    Ултрасветкав сјај за усни
–    Моливче за очи со сунѓерче
–    Двобојни и четирибојни сенки за очи -тру колор (True Color)
–    Молив-кармин – ултра колор (Ultra Color) – новитет во линијата

x

Check Also

Романтичен маникир за Денот на вљубените

Доколку сакате да оставите впечаток со невообичаен маникир, прикладен за Денот на ...