B-watch е прва домашна компанија со реклама на Инстаграм

Компанијата B-watch, е првата домашна компанија која пласираше реклама на социјалната мрежа Инстаграм. Компанијата која е лидер во дистрибуција, продажба и сервисирање на брендирани часовници ја спонзорираше првата реклама од Македонија во првиот ден кога Инстаграм на светско ниво дозволи спонзорирани постови, односно рекламни пораки на својата социјална мрежа.

bwatch-reklama-instagram-1

 

Рекламата беше пуштена на Инстаграм преку сервисот на агенцијата за дигитален маркетинг IM.mk.

Освен со следење на трендовите во дигиталниот маркетинг со рекламирање на Facebook Google и Instagram, B-watch е и прва домашна компанија за продажба и дистрибуција на часовници која ангажира бренд амбасадори за промоција не само на визијата и стратегијата на самата компанија, туку и на брендовите кои ги застапува. За таа цел беше ангажиран популарниот рапер Тони Зен како прво заштитно лице на B-watch. По него следуваше соработка со македонската блогерката MissUrbanVibe, а најновиот бренд амбасадор на B-watch е најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски- Иџе.

 

 

x

Check Also

„Бојфренд“ часовник од Шанел

Шанел не му одолеа на „бојфренд“ трендот, модата да се носи „позајмени“ ...