Без паради и изборни циркузи, одличен избор: Емилија Розман ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

23-годишната убавица Емилија Розман ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот.

Фото- Стефан Соколовски

Фото- Стефан Соколовски

Апсолвентката на дефектологија и веќе искусна манекенка со солидна интернационална кариера, Емилија Розман, ќе биде претставник на Р.Македонија на најпрестижниот избор за убавина – Мис на светот.

Агенцијата „Мис М“ на Лидија Велковска одлучила интерно да ја избере Розман за овој натпревар.

Розман повеќе пати е учесник на различни интернационални избори за убавина од кои се вратила со убави титули. Последниве години својата манекенска кариера ја гради во Италија и Турција.

И посакуваме многу среќа и овојпат!

 

x

Check Also

Топ 5 свечени фустанчиња во црвена боја од популарните „хај стрит“ брендови

Црвените фустанчиња во периодот на новогодишните и божиќните празници можат да го ...