Велингтон бифтек во лиснато тесто

Пробајте го овој специјалитет со бифтек кој ќе го воодушеви вашето непце.

biftek 3

Од намирници потребни се – 600 грама говедски бифтек, 400 грама печурки по желба (уште подобро ако се различни видови), 300 грама лиснато тесто, 1 кромид (црвен), 2 жолчки од јајце,  лажици сенф, 2 лажици путер (солен), масло, сол и рн пипер.

Подготовка

Зачинете го говедскиот бифтек од сите страни. Премачкајте го со сенф и оставете го да се излади.

Пропржете ги заедно кромидот и печурките, додадето го путерот и оставете да се изладат.

Развлечете го тестото во правоаголник, врз него распоредете ги печурките, на средината ставете го бифтекот и потоа обложете го со тестото.

Ставете го во фрижидер десетина минути, потоа премачкајте го тестото со жолчките и печете го 35 минути на 200 степени.

x

Check Also

Предлог-рецепти со Битолски путер за совршен семеен неделен ручек

Вечната дилема на секое семејство во недела е што да се подготви ...