Божиќна трпеза: Три рецепти за прослава

Направете ја свечена божиќната трпеза со овие три превкусни рецепти.

bozik 9

Божиќно прасечко во пиво

Намирници – Прасечко месо (2,3, 4 кг), плешка со ребра, бутче. Сол, 100 мл масло, 500 мл пиво, 30 грама маргарин.

Подготовка – Парчето месо измијте го и исушете го со крпа. Засечете го на местата кои се подебели, посолете го, особено во резовите. Убаво посолете триејќи со раката. Во тепсија за печење налијте 200 мл вода заедно со маслото, па ставете две три даскички, за прасечкото да не биде баш во тој сок и да не се вари во него. Загрејте ја рерната на 220 степени, ставете го прасечкото да се пече, па намалете ја температурата на 200 степени. Повремено преливајте врз прасето со сокот од печењето. Водата кога ќе испари, додавајте за маслото да не почне да гори. После 1 час печење, намалете ја повторно рерната сега на 180 степени. Прелијте го прасето со пиво. Превртувајте го печењето и поливајте го убаво со пиво. Печете уште 1 час, па повторно отворете ја рерната и премачкајте ја кората на месото (за да биде крцкава) со маргарин. Печете уште еден час потоа, односно додека печењето не стане румено, а коските почнуваат да се гледаат однадвор.

Изладено се сече и послужува.

Роловани шницли со кашкавал

bozik 3

Намирници – Број шницли по избор во зависност од тоа колку луѓе се на трпезата, кашкавал – колку шницли толку парчиња кашкавал, шунка – колку шницли толку парчиња шунка, 1 лимон, 1 портокал, зачини по вкус.

Подготовка – Убаво истенчете ги шницлите па зачинете ги. На секоја шницла ставете по парче шунка и парче кашкавал, и завиткајте ги.На стапче за ражнич нанижете по 4 роловани шницли.

На фолија за готвење наредете ги стапчињата со шницли, преку нив наредете кругчиња лимон и портокал. Покријте ги со фолија. Затворете ги со фолија од сите страни и ставете ги да се печат во претходно намачкана со масло тава. Ролованите шницли се готови кога месото ќе стане румено.

Се послужуваат со овчо сирење.

Слатка божиќна салама

bozik

Намирници – 1 марагрин, 200 грама чоколада за готвење, 100 грама шеќер, 2 јајца, 300 грама petit beure кекси, 300 грама желе бомбони, шака ораси, шака бадеми, 10-на суви смокви, кора од 1 портокал, шака суво грозје, 50 грама рум, 1 пакетче обланди.

Подготовка – Ситно исечкајте ги кората од портокал, смоквите, орасите, бадемите и кексите. Кеските не треба да бидат премногу измелени, туку во ситни мали делови. Обландите ставете ги помеѓу влажни кујнски крпи 20-на минути, зашто треба да омекнат за полесно да се виткаат. Чоколадата, маргаринот и шеќерот стопете ги и помешајте ги на тивок оган. Додадете ги јајцата, мешајќи. Потоа додадете ги сите останати исечкани состојки и румот. Дури кога се добро ќе се измеша, додадете ги желе бомбоните и гответе уште три-четири минути. Внимавајте бомбоните да не се растопат. Со готовата смеса веднаш премачкајте ги обландите. Завиткајте ја обландата во форма на салама, па ставете ја на ладно место. Штом се изладат исечете ги на тенки кругови.

x

Check Also

Предлог-рецепти со Битолски путер за совршен семеен неделен ручек

Вечната дилема на секое семејство во недела е што да се подготви ...