dolce

Божиќна елка со потпис на Долче и Габана

Прочуениот лондоснки хотел Клариџс и годинава ќе има божиќна елка дизајнирана од познат креатор. Овојпат, таа задача им беше доверена на Долче и Габана.

Ова е четврта по ред соработка на луксузниот хотел со врвни модни креатори. Пред Долче и Габана, кои годинава се одговорни за изгледот на божиќната елка, гостите уживаа во дизајнираните елки на Џон Галијано и Албер Елбаз од Ланвин.

dolce 2

Долче и Габана елката ќе ја украсат со традиционални сицилијански украси- куклички и топчиња во весели бои кои се поврзуваат со југот на Италија.

„Нашата божиќна елка нема да биде само симбол на славењето на Божиќ како што ние го прославуваме во Италија, туку и признание на италијанската традиција и уметност која ја промовираме во светот кога и да имаме прилика за тоа“, објаснија креаторите.

Божиќната елка ќе биде поставена во хотелското лоби на 26 ноември.

x

Check Also

gigi-1gl

Изглед на денот: Белиот проѕирен Кавали фустан на Џиџи Хадид

Отсекогаш била препознатлива по стилот на уличната мода, но топ моделот знае ...