Браво за Франција: Преслабите манекенки надвор од модната индустрија!

Преслабите и анорексични манекенки, кои сеуште се форсирани од некои од прочуените модни брендови низ светот, вклучувајќи ги и француските, веќе нема да имаат модни ангажмани во Франција, откако судот донесе одлука  дека моделите треба да покажат потврда која гарантира за нивното здравје.

Со овој позитивен закон, и навистина поздравувачки, моделите кои работат во Франција ќе мора да покажат потврда од лекар за својата здравствена состојба.

Италија направи неколку вакви обиди кои сепак не завршија многу успешно. И самиот италијански крал на модата Армани форсира и понатаму „живи костури“ на модната сцена.

На Франција тоа и успеа благодарение на влијателното законодавство, па сите што ќе го прекршат законот може да добијат казна од шест месеци затор и казна од 75.000 евра. Исто така, одлучено е списанијата и рекламните кампањи да го назначат користењето на фотошоп на фотографиите.

x

Check Also

Колекција на костими за капење дизајнирана од Емили Ратајковски

После години поминати во позирање во костими за капење, моделот Емили Ратајковски ...