Британската стилистка и модна уредничка Ребека Рој ќе гостува на Моден викенд Скопје

Моден Викенд Скопје во соработка со Британски совет во Македонија организира работилница за модно блогирање под раководство на успешната британска стилистка и модна уредничка од Лондон, Ребека Рој.

rebeka 2

Од 23 до 27 октомври со почеток од 9 до 12 часот и од 19 до 22 часот, британската стилистка, модна уредничка и позната блогерка, Ребека Рој, ќе одржи работилница и предавања за модно блогирање.

Содржината на работилницата ќе се состои од повеќе теоретски и практични термини кои се распределни во пет дена. Практичните термини подразбираат следење на модните ревии и останати настани кои се дел од Моден Викенд Скопје, подготовка на фотографии и статии за конкретниот настан и нивно моментално објавување онлајн. На секој практичен термин му следи дополнителна консултација – теоретски термин наредниот ден каде заедно со Ребека Рој ќе се прави анализа на резулатите од сработеното. Учесниците ќе бидат поделени во тимови,  а секој тим ќе се состои од еден блогер и еден фотограф.

 

Ребека Рој

Ребека Рој

Заинтересираните за учество во работилницата треба да ги достават следните документи – Пополнет формулар – кој може да се симне на веб-страните на Моден Викенд Скопје и Британски Совет во Македонија; Портфолио во електронска форма (за фотографи: селекција од најдобри дела , а заблогери: селектирани објавени статии дозволено е и само линкови); Биографија и кратко мотивационо писмо и една портрет фотографија. Работен јазик на работилницита е англиски. Сите документи задолжително е да бидат пополнети и испратени на анлиски јазик. Рок за испраќање на апликацијае 29 септември на електронската адреса goran@fashionweekendskopje.mk.

За изборот на учесници ќе одлучува комисија составена од по еден претставник од Моден Викенд Скопје и Британски совет во Македонија и самата Ребека Рој

x

Check Also

Што ни носи Springfield за пролет 2017

Младешка колекција со кежуал дух инспирирана од модните стилови на 80-те години, ...