Брзи, млади, слободни со колекцијата на Guess за пролет/лето 2015

Колекцијата на Guess jeans за пролет/лето 2015 претставува враќање кон корените на брендот и неговото родно место – Лос Анџелес, па така моделите се инспирирани од единствената еклектична естетика на градот претставена низ три клучни зборови – БРЗИ, МЛАДИ, СЛОБОДНИ.

09

Chateau GUESS” е линија која го рефлектира импулсивниот и гламурозен начин на живот препознатлив за улицита на Лос Анџелес. Спортскиот стајлинг е разигран со атрактивните и секси модели како искинати фармерки и кратки јакни и блузи.

35

Линијата “Sunset Trip” го претставува младешкиот начин на живот на Холивуд. Инспириран од неонските светла на пространите авении, овој дел од линијата нè води на патување каде доминираат неонските розови и виолетови нијанси, интергрирани во комбинации со корсети, мини фустани и фармерки со низок струк.

25

Hollywood & Vine зрачи со позитивна енергија изразена преку зашеметувачка фузија на бои кои се избалансирани со природни бои како светло зелената. Принтовите се присутни и се инспирирани од егзотичната природа. Тантелата, тулот и нежните материјали му даваат особена деликатност на овој дел од колецијата.

11

Guess Power Curvy  е новитет од Guess jeans, иновативен модел на фармерки кој се припива до телото како “втора кожа” и ја дефинира женската силуета. Благодарение на таканаречената “fitswell” конструкција, фармерките ги задржуваат цврстина и обликот во текот на целиот ден, го истенчуваат телото и имаат “push-up” ефект, притоа овозможувајќи чувство на удобност. Линијата “Guess Power Curvy” e достапна во форма на моделите: jegging, skinny low и skinny mid.

01

И колекцијата на Guess by Marciano наоѓа инспирација оваа сезона во Градот на Ангелите, неговата ексцентричност, раздвиженост и релаксирана елеганција. Во линијата „LA Confidential” 70-тите се дополнителна инспирација за колекцијата, која изобилува со геометриски принтови во црно-бела комбинација, но  бои како розона, виолетова, жолта и сива. Материјалите се природни, со или без текстура, а пристуно е и драпирањето. Јакните и мантилите даваат строга и сигурна, но во исто време и секси линија на женската силуета.

Делот од колекцијата посветен на ноќните излегувања, гламурозните забави и раскошот е претставен преку линијата La Noir која содржи облека за храбри и самоуверени девојки, волуменозни модели, проѕирни и шик елементи. Палетата на бои ја сочинуваат црната, белата и сивата во контраст со летната корална боја и цветните принтови.

Летниот дел од колекцијата на Guess by Marciano е инспириран од Палм Спрингс во доцните 60-ти и раните 70-ти години. Принтовите кои доминираат се егзотични, а материјалите богати и дополнети со ласерски исечени детали, метални апликации и украсни камчиња.

x

Check Also

Поглед на новата колекција од Зара – „Номад“

Зара ја претстави есенската колекција насловена Номад. А, акцентот е на плишот, ...