Чевелот како огледало на душата

Некои луѓе имаат способност да читаат од дланка. Но, Олга Берлути знае да чита од стапало. Секој чифт чевли на ова легендарна париска креаторка практично претставува своевидно уметничко дело.

olga berluti 6

Светот на богатите и славните го бранува секојдневието на обичните луѓе. Што носат тие на своите „скапоцени“ нозе? Меѓу најзначајните имиња кои ги снабдуваат со чевли е и името на Олга Берлути. Чевли направени по нејзина скица можат да чинат од 2 до 85 илјади долари, па без сомнение тоа се најскапите машки чевли на светот. Сепак, и покрај цената, госпоѓа Берлути постојано има полни раце работа, а понудата едвај успева да ја следи побарувачката. Секој чифт чевли на ова легендарна париска креаторка практично претставува своевидно уметничко дело.

„Некои луѓе имаат способност да читаат од дланка, но јас знам да читам од стапало“, се насмевнува Берлути.

olga berluti 2Проучувајќи го стопалото на клиентот со познавање на скултор и со прецизност на хирург, таа веднаш ја знае неговата точна големина и број и дали на тоа стапало подобро би му „лежела“ мека или тврда кожа. Кога Олга стана прва жена директор на куќата „Берлути“, во 1990 година, таа не само што го продолжи семејниот бизнис туку стана и институција во Париз. Основана во 1895 година од Алесандро Берлути, ателјето и продавницата „Берлути“ добро ја криеше својата тајна на успехот, како и листата на славните кои доаѓаа токму тука да ги „облечат“ своите нозе.

„Чевлите на Џон Кенеди ги правеше татко ми – се присетува Олга и продолжува – беа класични, црни, на шнирање. Оназиз пак, најчесто беше затрупан со обврски па ги сакаше мокасините кои се меки и лесно се обуваат и собуваат. А удобни се и кога се носат на боса нога“.

Кога срамежливата внука на Алесандро, Олга, го презеде бизнисот во рацете, куќата „Берлути“ доби и нов дизајн и редизајнирани нови колекции кои го сочуваа традиционалното, но го примија и модерниот дух. Сепак, најголемата иновација што ја донесе Олга беше во третманот на кожата на чевелот, во неговиот пристап.

„И приоѓам на кожата како да се работи за вистинска, жива, на која може да се направи тетоважа или пирсинг“, објаснува таа. „Имав еден клиент од Африка на чија кожа имаше истетовиран свет симбол, некое животно, па сакав да направам чевел кој ќе го поврзе тоа верување со дизајнот“.

По долгото проучување на африканската култура и уметност беше родена колекцијата „Вариор“, како генијално обединување на убавината со насилството. Колекцијата пак, „Тату“ претставуваше варијации на најразлични тетоважи по избор на клиентот, а колекцијата „Пирсинг“ – пирсинзи на кожата за чевлите, повторно по желба на клиентите.

olga berluti 3

Благодарение на „LVMH“ во 1993 година, чиј директор е Бернард Арнолд, клиент и обожавател на работата на Олга, овие колекции брзо го освоија пазарот, а Париз доби и својо ателје „Берлути“. Потоа беа отворени три продавници во Јапонија, две во Лондон, една во Милано и Москва, а денес бројот на продавници „Берлути“ е значително поголем и распространет низ главните светски метрополи.

olga berluti 4 „Ги обожавам машките стапала и уживам да ги правам најубавите чевли на светот за нив“, раскажува Олга. „Најпосле јас сум и позната само благодарение на мажите, инаку сум една обична работничка“.

Што да се каже, помодарство, вештина или нешто трето, важно е дека Олга Берлути на своите клиенти самоуверено и со сигурност им препорачува дека чевлите, имајќи ја в предвид нивната драгоценост, треба да се гланцаат исклучително со крпа од најмека биволска кожа и тоа натопена со шампањ. На нејзините клиенти тоа веројатно и не им претставува некој посебен проблем, ако се земе во предвид кој во минатото на оваа група припаѓал и кој денес и припаѓа. Во Клубот „Берлути“ спаѓале и Џон Кенеди, Аристоетел Оназис, Енди Ворхол, Пабло Пикасо, Салвадор Дали…Актерите Бен Кингсли и Јул Бринер носат исклучиво чевли „Берлути“. А најскашиот чифт изработен по нацртите на Олга? За свеченоста по повод своето крунисување покојниот цар Бокаса од Ценралноафриканската Република нарачал од неа чифт чизми украсени со вистински бисери. Чинеле неверојатни 85 илјади долари.

Новите нарачки Олга ги прима во париската работилница на својот татко, стара повеќе од 70 години. Процедурата е следна: прво при земањето мерка го пипка стапалото на својот клиент, а потоа ги слуша сите негови потреби и барања кои се најразлични, од сосема едноставни чевли до оние каприциозните. Некои дури бараат платинести токи со дијаманти или брошеви со драги камења.

olga berluti 5 Чевларите на Олга, со своите остри скалпели, фини конци и прецизна работа, повеќе потсетуваат на хирурзи отколку на занаетчии додека ја сечат кожата и ја зашиваат со најфини нитки. По шиењето, чевлите се гланцаат додека не заблескаат како „дијаманти“. Над 150 обожаватели на работата на Олга се зачленети во Клубот Лебед и се собираат еднаш годишно во еден париски ресторан. Луксузот е заеднички именител на сите членови на клубот на чии средби се пушат скапи пури, а шампањот се употребува за гланцање на чевлите. Понекогаш за истата намена се употребува и врвен коњак.

Ј.К

x

Check Also

Розовите пом-пом обетки се најпосакуван летен моден додаток

Од чевлите и од чантите, пом-помите се префрлија на ушите. Розовите обетки ...