Чаша детоксикација пред божиќните празници

Влеговме во новата година дозволувајќи си нешто повеќе од вообичаените денови да изедеме и испиеме. Време е за детоксикација пред божиќните трпези.

Подгответе напивка која го прочистува телото и помага во забрзувањето на метаболизмот.

Потребни намирници – 1 литар вода, половина грејпфрут, 1 мандарина, 1 краставица, 6 листови нане.

Грејпфрутот е полн со витамин Ц, тој ги топи маснотиите и ги претвора во енергија. Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории. Краставицата го зголемува чувството за ситост и ја намалува подуеноста. Нането, пак, го смирува желудикот.

Подготовка

Убаво измијт ја и исечете ја краставицата на кругови, а грејпфрутот и мандарината излупете ги и разделете ги на кришки. Во голем бокал ставете ги сите состојки. Додадете ја водата. Потоа оставете да отстојат во фрижидер преку ноќ. Следното утро пијалакот измешајте го и пијте го во текот на целиот ден.

x

Check Also

И Гугл во борба против загадувањето на воздухот со нова услуга на Google Earth

Нова иницијатива доаѓа од компанијата „Гугл“ овојпат насочена во борбата против загадувањето ...