Чоколадни мафини со срце од кокос

Предлог слатко викенд мени е да додадете на трпезата мафини од чоколадо со срце од кокос.

За чоколадниот дел – 280 грама брашно, 1 прашок за пециво, половина лажичка сода бикарбона, 4 лажици какао, 1 јајце, 140 грама кафеав шеќер, 80 грама путер, половина чаша јогурт.

За срцето на мафините – 150 грама млечен намаз, 100 грама кокос, 2 лажици шеќер во прав, 1 ванилин шеќер.

За врвот на мафините – 100 грама чоколадо за готвење, 2 лажици млеко, 80 грама путер, малку кокос, малку чоколадни трошки.

Подготовка

Прво подгответе го филот за срцето на мафините – добро измешајте го со миксер млечниот намаз, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кокосовото брашно, па од оваа смеса направете 24 топчиња.

Во друг сад измешајте го брашното, какаото, прашкото за пециво и сода-бикарбоната. Во друг сад пак, заедно изматете ги јајцата, кафеавиот шеќер, путерот и јогуртот, па постепено додавајте ја смесата од брашно.

Кошничките за мафини наполнете ги до половина со темната крема, во средина ставете ги белите топчиња, па прекријте ги со темна крема.

Мафините печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20-на минути. Кога ќе се изладат, направете ја чоколадната глазура. Врвот на секој мафин натопете го во чоколадна глазура, оставете малку да се излади па попрскајте го со мешавина од кокос и чоколадни трошки.

x

Check Also

Потпечен спанаќ со сирење и пармезан

Оваа нискокалорична намирница може да ја конзумираме на различни начини, па дури ...