Чоколадни срца за Денот на вљубените

Невљубените, сега можат да се вљубат дегустирајќи ги овие чоколадни срценца. Вљубени или не, супер идеја да подготвите вкусен десерт за Денот на вљубените.

Потребни намирници – 2 јајца, 4 лажици шеќер, 6 лажици млеко, 6 лажици масло, 1 ванилин шеќер, половина ќесичка прашок за пециво, 10 лажици брашно, џем од вишни.

Чоколадна глазура – 100 гр чоколада,  2 лажици масло и 1 лажица млеко.

Подготовка

Измиксајте ги јајцата со шеќерот, потоа додадете ги останатите состојки, освен џемот. Смесата претурете ја во модели со облик на срце и неколку минути печете ги во претходно загреана рерна. Изладените срца поделете ги на половина и премачкајте ги со џем, а потоа повторно споите ги. Истопете ја чоколадата, потоа додадете го маслото и прелијте ги срцата со глазурата.

x

Check Also

Солена торта од компири

Можеби сте пробали компири приготвени на секаков начин, но оваа солена торта ...