Зошто толку ги сакаме: Чизми над колената, уште повисоки!

Конкретни се модните насоки за сезоната која доаѓа и доколку помислувате дека овојпат ќе ги изоставиме чизмите над колена, сте се излажале.

cizmi 7

Кога ќе видите како дизајнерите одлично ги комбинираат со вашите омилени куси панталони од кои тешко се откажувате и по завршувањето на летото, како и со фустани и здолништа кои паѓаат околу три инча над врвот на чизмата, веднаш ќе посакате барем еден пар за себе.

Дизајнерите и оваа сезона ги враќаат во мода блејзерите кои претставуваат нагласена стилизација на машките сакоа. Благо истакнат струк и силно нагласени раменици, а воедно и дозволувајќи високите чизми да „растат“ уште повеќе покривајќи ги сосема колената. Досега истите им беа познати само на пиратите и рибарите или пак од друга страна, во лакирана варијанта, како ненадминлив секси фетиш.

cizmi glavna

Сега, чизмите над колена стапија на модната сцена во секси, но не вулгарна варијанта наменети како за вечерните така и за дневните излегувања.

На модните писти можевме да ги видиме сите можни и невозможни варијанти на дизајнерска фантазија, од тесно припиени кон ногата до многу широки, но во секој случај исклучително високи.

Ева Хецигова, Хелена Кристенсен и Клаудија Шифер

Ева Хецигова, Хелена Кристенсен и Клаудија Шифер

На насловна страна

Сезонава чизмите над колена беа супер-ѕвезди и на насловните страници на модните списанија. Супермоделите Ева Хецигова, Хелена Кристенсен и Клаудија Шифер позираа голи за најновиот број на магазинот Ај -Ди. Всушност не беа голи, беа облечени скоро до бедрата со кожени чизми кои ја прераскажуваат приказната за голотијата со одмерена доза на суптилност. Фотосесијата е снимена од страна на фотографот Кајт Џонс. Но, Ај-Ди  открива и некои постари насловни кои повторно ја положуваат емпатијата кон чизмите кои ги покриваат колената на колумбиската дива Шакира, која со својот раскош ги презентира сосема поразлично од замисленото.

Линзи Лохан за Ел

Линзи Лохан за Ел

За едни е забавна, за други неугледна, за трети скандалозна, но сепак Линзи Лохан им даде мистична убавина на насловната страна на списанието Ел носејќи кожени црни чизми од последната колекција на Кристијан Лубутен.

Камерон Дијаз

Камерон Дијаз

Списанието „Ви“ и Камерон Дијаз даваат поинаква димензија на самата насловна страна со целосно спротивставување кон невината страна, со црниот корсет и здолниште со набори кое завршува според очекуваното, со кожени чизми над колената.

 Со Вивиен Вествуд започнува приказната

Необичните и екстравагантни креации на Вивиен Вествуд се сосема очекувани, до некој степен и романтични, но овојпат Вивиен застана на витешката страна создавајќи чизми кои треба да не заштитат. Нејзините чизми од колекцијата Ред Лејбл (Red Label) наликуваат на металната витешка чизма која е оформена во делот кај коленото за полесно превиткување и движење. Чизмите се во загасита црвена и жолта боја и даваат посебно чувство на смелост со самата форма и колорот што им дава допилнителна агресивност.

Вивиен Вествуд

Вивиен Вествуд

Стела Макартни во својата колекција презентираше исклучиво тесни и високи чизми со сосема дискретни детали и пипливо мазна површина. Мадона и Кејт Мој се “верни” на високите чизми на Стела комбинирајќи ги во урбана и свечена варијанта која завршува со убав финиш се до бедрата силно припиени како вообичаен дел од замислата. Ријана им дава поинаква димензија на неупадливите чизми на Стела Макартни, одбирајќи модел чија површина е внимателно дизајнирана да не го достигне нивото на претерана агресивност, а сепак целата површина на чизмата да биде исполената со одреден дизајн.

Мадона во чизми од колекцијата на Стела Макартни

Мадона во чизми од колекцијата на Стела Макартни

Луј Витон овојпат пласираше колекција на чизми за посмелите припаднички на понежниот пол. Чизми во кожени варијанти, латекс и лак основи со најразлични врвки и везови. Високите чизми на Витон не поставуваат никакво ограничување. Подигнати на платформа со кратко зашилени врвови и дезени кои ја вклучуваат и златната боја вметната низ апликации се подготвени да бидат носени оваа сезона од најсмелите жени. Совршено решение за екомската криза и за скептиците од претераната висина на чизмите е последниот модел на Витон кој заведува со своите три различни должини (скочен зглоб, колено- високо и високо или бедро), три комбинации за кои самите ќе одлучувате.

Од новата колекција на Луј Витон

Од новата колекција на Луј Витон

Според модните критичари, најпредизвикувачките чизми за оваа сезона се оние со потписот на Роберто Кавали. Тие ја следат линијата на ногата давајќи и елегантен изглед, преобразувајќи ги агресивните чекори во елегантни движења.

Кавали

Кавали

На насловната фотографија – Даутцен Круз во Емилио Пучи

М. Ризовска

x

Check Also

Поглед одблизу на пролетната колекција на C&A

Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A. За ...