Црната кожа доминантна во новата колекција на Марјан Пејоски

Дизајнерите на модната марка КТZ, Марјан Пејоски и неговиот партнер Сашко Бежовски, во Лондон ја претставија новата колекција за сезоната пролет 2016.

mar 12

Нов свеж дух македонските дизајнери донесоа на модната сцена во Лондон. Критиките се на нивна страна, едногласни дека вакви тонови до сега не биле присутни во линиите на КТZ.

mar 17

Во некои изгледи се насетува готиката, номадската приказна од минатата колекција која беше претставена на модната недела во Њујорк, сега продолжува во поинаква насока, урбана и динамична. Како контраст, акцент на модните детали инспирирани од слонова коска.

mar 14

Црна кожа, полка точки, мрежи, мрежасти чорапи и високи кожени чизми, и се тоа заедно во една возбудлива модна игра.

mar 16

Погледнете какви се предности има црната кожа која доминира во колекцијата на Пејоски.

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...