Црвеното вино е најдобар афродизијак

Меѓу алкохолите, црвеното вино е најдобриот афродизијак, тврдат неколку истражувања.

Кај жените, црвеното вино го зголемува протокот на крвта до ерогените зони што пак, доведува до зголемување на сексуалната желба.

Кај мажите, црвеното вино не само што го зголемува протокот на крвта до клучните делови на телото, туку го подигнува и нивото на тестостерон – хормонот важен за сексуална возбуда. Имено, кај мажите секако се произведува тестостерон, но кога ензимот UGT2B17 ќе се врзе со одредени молекули во тестостеронот, тогаш телото преку мокрачата се ослободува од хормонот. Меѓутоа, одредени состојки од црвеното вино го блокираат ензимот и на тој начин тестостеронот се таложи во организмот и во крвта.

Но, исто како и кај жените, претерана конзумација на црвено вино до пијанство, може да доведе до спротивен ефект – намалување на сексуалната желба.

x

Check Also

Загревање со дневна журка и дочек на Новата година во Дистрикт бар и ресторан

Дистрикт бар и ресторан во Скопје Мериот Хотел организира дневна предновогодишна забава ...