Дајте му Време наместо мода на вашето новороденче!

Не претерувајте со „модните додатоци“ кога е во прашање вашето мало дете, креветот треба да биде едноставен, уреден и чист. Толку од „модата“.

Мајчинството е проткаено со длабоки и интимни чувства на одговорност и желба за успешно одгледување на своето бебе. Радоста, гордоста и одговорноста се присутни кај секоја мајка кое го очекува своето прво дете. Ова неспокојство има свое оправдување, бидејќи детето по раѓањето е беспомошно, па поради тоа му е неопходна љубов и нега од мајката.

Во моментот на раѓањето новороденчето доживува длабоки физиолошки промени. Со менување на надворешната средина неговите гради, органите за варење и бубрезите наеднаш го преземаат дишењето, варењето и излачувањето на урината. Токму оваа нагла промена е и причина што првите денови по раѓањето се специфични. Секое здраво новороденче со природна отпорност, може се’ лесно да препроди со помош на нежната љубов и грижа.

Доколку постојат можности, обезбедување на посебна соба за детето е неопходна. Во колку нема посебна просторија, тогаш е пожелно да се обезбеди едно катче во собата. На тој начин детето се заштитува од непотребни вознемирувања. Посетите од другите членови на семејството и пријателите треба да бидат сведени на минимум во детската просторија или катче. Не претрувајте со „модните додатоци“ кога е во прашање вашето мало дете, креветот треба да биде едноставен, уреден и чист. Толку од „модата“. Детето треба да лежи на тврда постела од морска трева или памук со што се избегнуваат некои деформитети на телото. На новороденчето не му е потребна перница, а најмалку свилена или дкорирана постелина. Ако тоа го сакате како декор, запомнете дека го правите за вас, а не за „доброто“ на вашиот нов член на семејството. Покривот треба да биде со три лесни покривки, за преку зима може да се додаде и едно волнено ќебе.

Многу мајки се плашат детето да не им настине и затоа ги претоплуваат. Детето не знае да каже кога му е ладно, а кога топло. Но, мајката по неговиот изглед тоа може да го оцени. Ако е ладно, тогаш обично тоа малку побледува, а ако му е жешко се вознемирува. Значи, ако имате мерак за модерни бенкици, внимавајте тие да му овозможат комфорт.

Првите прошетки остварете ги по петнаесет поминати денови дома, доколку детето е родено во топлите месеци. Времето на изнесување треба да го одредат родителите во зависност од надворешната температура, влажност и ветерот. Ако надворешната температура е нула степени, или под нулата, детето не треба да се изнесува. Во текот на зимата детето е најдобро да се изнесува претпладне околу 10 часот и во 16 часот, а преку лето треба да се избегнуваат жештините меѓу 11 и 17 часот.

Кога детето ќе има веќе три месеци може да се започне со постепено сончање, кое треба да биде доста внимателно. Во почетокот една до две минути, и тоа да се сончаат само рацете и нозете, а подоцна и целото тело. Главата треба да биде заштитена со лесно капче. Сончањето на доенчето е извонредна од превенција од рахитис. Затоа, искористете ги сите поволности на природата. Дајте му Време на вашето малечко, време на љубов и адаптација, пред да му дарувате мода.

проф. д-р. Драгослав Копачев, невропсихијатар

x

Check Also

Се одржа 3-та Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Стотина насмевки го исполнија Градски парк во Скопје за време на Хуманитарната ...